Македонија

ЕУ воведува царина од 10% за мали пратки од „Shein“, „Temu“ и „AliExpress“

Новата мерка е насочена првенствено против масовниот увоз на евтина стока, најчесто од онлајн платформи како што се Shein, Temu и AliExpress, чиј број на пакети експоненцијално порасна во последно време.

Од март 2026 година, на сите пратки што пристигнуваат надвор од ЕУ, во вредност до 150 евра, ќе им се наплаќа дополнителна царина од 10%, покрај ДДВ, кој веќе се наплаќа на ваквите пакети во моментот на купување. Досега, ваквите пакети беа ослободени од царина со клаузулата de minimis, а во последните години за нив се наплаќаше само ДДВ. Од пролет, за нив ќе треба да се плаќа и царина, која досега се наплаќаше само на пакети во вредност поголема од 150 евра.

Промената на регулативата, која официјално беше изгласана од Советот на ЕУ оваа недела, ќе стапи на сила веќе од март 2026 година и ќе важи за сите земји-членки на ЕУ.

Новата мерка е насочена првенствено против масовниот увоз на евтина стока, најчесто од онлајн платформи како што се Shein, Temu и AliExpress, чиј број на пакети експоненцијално порасна во последно време.

Европската комисија наведува дека повеќе од 90% од ваквите пратки во 2024 година пристигнале од Кина. На пазарот на ЕУ влегле околу 4,6 милијарди пратки со ниска вредност, односно 12 милиони пакети дневно.

Најнови вести од: Македонија

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

To top