Македонија

„Не се откажавме од проектот Вардарска долина“ вели министерката Божиновска

„Не сме се откажале од ништо што е бенефит за Македонија“, одговори денеска министерката енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на новинарско прашање дали Владата се откажала од проектот „Вардарска долина“ на сметка на изградбата на брзата пруга на Коридор 10, пренсе МИА. По повод една година од основањето на Министерството, Божиновска истакна дека […]

„Не сме се откажале од ништо што е бенефит за Македонија“, одговори денеска министерката енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на новинарско прашање дали Владата се откажала од проектот „Вардарска долина“ на сметка на изградбата на брзата пруга на Коридор 10, пренсе МИА.

По повод една година од основањето на Министерството, Божиновска истакна дека во изминатата година изградиле институција што ја движи енергетиката, а особено го истакна значењето на новиот Закон за енергетика.

Донесен е десетгодишен план за развој на преносната мрежа, воведена е методологија за енергетска сиромаштија, обезбедена е забрана за исклучување на струја во зимските месеци за ранливите домаќинства.

Исто така, лани 7000 семејства добиле ваучери за инвертер клима уреди, а годинава ќе бидат обезбедени 60 милиони денари за поддршка на лицата со попреченост и нивните семејства.

Од Министерството најавуваат дека до крајот на годинава ќе се донесат закони за обновливи извори, за енергетска ефикасност, за јавно-приватно партнерство, за геологија и рударство со кој првпат се заштитува македонскиот рубин како национално богатство.

Во првиот квартал од годинава наплатени биле 247 милиони денари за експлоатација на минерални суровини, двојно повеќе од лани.

Една година по основањето Министерството има 109 вработени, 53 жени и 56 мажи.

Најнови вести од: Македонија

„Ни мртва нема да го направам“ – Сиљановска-Давкова: Не договарам уставни измени зад затворени врати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека постојат правни и политички механизми со кои Европската Унија може да понуди дополнителни гаранции за земјите кандидати, но истовремено категорично порача дека нема да прифати уставни измени договорени надвор од институциите

Мицкоски: Клиничката болница во Скопје ќе се гради кај „Борис Трајковски“

Владата останува цврсто на ставот дека новата Клиничка болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот кај арената „Борис Трајковски“, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

Иста судијка, две одлуки: Ослободителна пресуда за таткото на Васил, Зоран Јованов

Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од вина Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајната несреќа на булеварот партизански одреди во Скопје во која смртно страдаше Фросина Кулакова

To top