Македонија

„Инфошќип“: Албанците од „Илирида“ ја поставија бистата на Скендербег во Гаране како „симбол на нивното сѐнационално единство и отпор“?!

По „пригодното марширање на албанската национална коњаница“ низ „албанската тврдина“ -Тетово, по повод 28 ноември, Денот на независноста на Албанија, по „големоалбанската сложувалка“ од ученици на западниот македонски сосед, се редат нови „сенационални“ великоалбански провокации: поставен е споменик на Скендербег во гостиварското село Гаране, кое не е во Република Македонија, туку во „Република Илирида“?!

„Албанците од Илирида ја поставија бистата на Ѓерѓ Кастриоти во селото Гаране, Гостиварско, на 28 ноември, за да ги чествуваат неговиот хероизам и трајното наследство. Новиот споменик ќе стои како симбол на албанскиот отпор, на гордоста и сѐнационалното единство на Албанците во оваа заедница.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“ од Скопје, Република Македонија.

Порталот дополнува: „Со тоа се нагласуваат важноста на зачувувањето на историското сеќавање и националната традиција“.

Најнови вести од: Македонија

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“

Министерството посочува дека претставниците на семејствата на средбата изразиле благодарност за приемот и за појаснувањето на чекорите што треба да следат, со договор по завршување на законската процедура повторно да се воспостави комуникација за обезбедување на потребните средства.

To top