Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче секој ден докажува дека е само продолжен рака и верна сенка на Заев

СДС тонат со сопствените лаги, а ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се грижи за домаќинско користење на народните пари

Од СДС која е под водство на Венко Филипче од ден на ден докажува дека не знаат ништо освен лаги и конструкции. Филипче секој ден докажува дека е само продолжен рака и верна сенка на неговиот другар Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Така денеска, излегоа во јавност повторно со некакви конструкции за јавна набавка која не е ништо друго освен редовна набавка спроведена на транспарентен начин. И во нивни стил смислуваат приказни со лажни информации, поточно дезинформации. Да се обидеме да им разјасниме, се разбира, ако сфатат, ако не го потврдуваат она што ВМРО-ДПМНЕ постојано го говори дека СДС нема иднина додека е под водство на Филипче, другарот на Заев, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека договорот за кој зборуваат со фирмата Дигитал оне, или постапката за оваа јавна набавка е направена под исти услови под кои правела и владата на СДСМ

-Дополнително, да им објасниме дека за договорите за набавка на сервери, наместо да се плаќа хост на приватни правни лица, сега за прв пат поседува сервери на кои самостојно се хостираат владините апликации. Третиот споменат договор исто така е склучен во транспарентен процес и набавени се компјутери по најниска понудена цена. СДС тонат со сопствените лаги, а ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се грижи за домаќинско користење на народните пари, се наведува во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top