Македонија

Нула толеранција од денес: Започна „Безбедна држава“ – СМС и глоба за секој прекршок

Од денес, 1 декември 2025 година, Македонија влегува во ново доба на сообраќајната дисциплина. Започна пробниот период на системот „Безбедна држава“ – електронските очи на градот повеќе нема да трепкаат.

Од денес, 1 декември 2025 година, Македонија влегува во ново доба на сообраќајната дисциплина. Започна пробниот период на системот „Безбедна држава“ – електронските очи на градот повеќе нема да трепкаат. Секој прекршок ќе биде снимен, секој сторител ќе добие СМС и е-пошта, а толеранцијата за пречекорување на брзината официјално е нула – без разлика дали сте во населба или на отворен пат.

Во првата фаза системот „Безбеден град“ ќе ги лови четирите најчести гревови: пребраза возење, поминување на црвено светло, истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Подоцна списокот ќе се прошири.

„Ова не е казнување, туку одговорност. Кој признае веднаш – плаќа половина глоба во рок од 8 дена. Кој сака да се суди со судбината – плаќа цело по истекот на тој рок, но пред да почне присилната наплата“, објаснува портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Плаќањето е електронско, брзо и едноставно – со еден клик на линкот што го добивате во пораката. Штом парите легнат на сметка, МВР веднаш добива потврда. За странци и за оние што планираат да „избегаат“ во странство – глобата мора да се плати веднаш, без одлагање.

Ако прекршокот носи и негативни бодови или забрана за возење, дури и да платите навреме, случајот автоматски оди на суд.

Од денеска на улица не постои „не ме видеа“. Ве видеа. И ве чекаат.

Најнови вести од: Македонија

„Порталб“: Ќе продолжи преименувањето на улиците во Тетово, но македонските партии се против тоа

„Преименувањето на улиците во Тетово не беше завршено за време на општинската администрација 2021/25 година и беше прекинато непосредно пред годинашниве локални избори. Општина Тетово вели дека процесот ќе продолжи таму каде што застана. Албанската опозиција прашува: дали градоначалникот Билал Касами ќе има политичка моќ да ја направи оваа промена? Македонските партии не ги променија своите ставови: искажуваат спротивставување.“ – пишува во анализата, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Порталб“.

Првпат во историјата: Скопје ќе има буџет создаден од граѓаните

Скопје влегува во нова ера на управување: градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека буџетот за 2026 година ќе биде првиот во историјата на главниот град создаден со вистинска, а не декларативна партиципација на граѓаните, бизнисот и јавниот сектор.

Вишиот управен суд потврди дека тужбата на Левица против АВМУ е неоснована

Вишиот управен суд, на седницата одржана на 6 ноември 2025 година, донесе Решение со кое жалбата на политичката партија Левица против Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е одбиена како неоснована.

Јанкуловски: Потребно е да се избере нов државен јавен обвинител, сегашниов се поставува над законот и е неспособен за таа функција!

„Криејќи се зад барањето за политичка независност, државниот јавен обвинител се поставува над законот и волјата на оние, што го бираат на таа функција. Неговите правни аргументи за останување на функцијата по секоја цена не ја носат тежината на правдата – но на политиката секако. Досега не видовме како се бори за вистината и достоинството на професијата и како да се избори за правдата во општеството, но видовме како се бори „бескомпромисно“ за својата позиција. Тој искажува неспособност, незнаење и некомпетентност на ваква одговорна функција. Затоа, не смее и не може веќе да се одложува изборот на нов државен јавен обвинител.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Независноста како смоквин лист на некомпетентноста“.

To top