Македонија

Македонија, БиХ и Албанија најзагрозени од аерозагадувањето во Европа

Според Европската агенција за животна средина, во овие три земји најмногу на удар се жителите со 30 или повеќе години

Жителите на Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија се најмногу изложени на ризик од скратен животен век поради загадувањето на воздухот, соопшти Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Овие земји имаат најголем просечен број на изгубени години живот поради загадувањето на воздухот кај жителите на возраст од 30 години и повеќе, се вели во извештајот на ЕЕА.

Агенцијата вели дека загадувањето на воздухот останува најголемиот еколошки ризик за Европејците, пред други фактори како што се изложеноста на бучава и хемикалии или ризикот од топлотни бранови поврзани со климата.

Небезбедните нивоа на загадување на воздухот резултираа со неверојатни 182.000 смртни случаи во 2023 година, објави Евроњуз.

Извештајот на ЕЕА вели дека 95 проценти од Европејците во урбаните средини се изложени на нивоа на загадување на воздухот „значително“ над препораките на Светската здравствена организација.

Меѓу земјите од ЕУ, Италија имаше најголем број смртни случаи од загадување на воздухот во 2023 година и најголем број изгубени години живот на 100.000 жители, по што следуваат Полска и Германија.

Најниски релативни влијанија од загадувањето на воздухот се забележани во земјите во северна и северозападна Европа, вклучувајќи ги Шведска, Естонија и Норвешка.

Во Исланд немаше смртни случаи од загадување на воздухот, додека во Финска беа регистрирани 34 смртни случаи предизвикани од долготрајна изложеност на фини честички, познати како ПM 2.5, соопшти ЕЕА.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски до СДСМ: Ако вие се повлечете, друг ќе дојде на ваше место

Запрашан дали СДСМ со неучеството на лидерската средба остава простор Левица да биде главна опозициска политичка партија во Македонија, премиерот Христијан Мицкоски рече дека на политичката сцена и во политичката теорија и пракса празен простор не останува. Ако се повлечете и оставите празен простор некој ќе го запоседне тој простор“, вели премиерот Христијан Мицкоски. „Дали […]

За Пендаровски уставниот суд а не обвинителството кажува дали има криминал со уредбите со законска сила

Уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата, дали таму имало злоупотреби, тоа државните институции кои сега се под тотална контрола на Мицкоски можат да го проверат, вели екс претседателот

To top