Свет

Никушор Дан: Романија е корумпирана земја, но живееме многу подобро од пред 20 години

Живееме подобро од многу луѓе во нашите соседни земји, вели претседателот на земјата

Романија е корумпирана земја, а Романците се во право кога велат дека не гледаат волја на државата да не се бори против корупцијата. Но, ние живееме многу подобро отколку пред 20 години. И живееме подобро од многу луѓе во нашите соседни земји, изјави претседателот на земјата, Никушор Дан, на прием по повод националниот празник на Романија – 1 декември, објави Digi24.

„Можевме да бидеме многу подалеку напред и да живееме многу подобро отколку што живееме денес. Исто така е вистина дека во последните месеци не видовме корупција на врвот на романската држава“, призна тој.

Постојат многу области каде има постигнувања во образованието, но генерално образовниот систем е слаб до многу слаб. И ова ќе ни предизвика големи проблеми во иднина, предупреди шефот на државата.

Здравствениот систем е далеку, многу далеку од тоа каде што би можел да биде со сите пари што сите ги потрошивме.

Но, сè уште ги гледаме првите нови болнички згради што се градат…

Постои многу динамична и пристојна приватна економија која успеа да го удвои БДП на Романија за 10 години.

Но, имаме многу голем трговски дефицит и во моментов немаме вистинска економска политика., рече пртетседателот.

Најнови вести од: Свет

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top