Македонија

Градоначалниците со декларација за намалување на сообраќајните несреќи со жртви

Конференцијата има цел да поттикне размена на знаења, добри практики и поефикасна меѓуинституционална координација, со цел побезбеден сообраќај за учесниците. Во рамки на конференцијата, тој посочи дека градоначалниците со потпишување на заедничка декларација ја изразуваат посветеноста за намалување на сообраќајните несреќи и загубата на човечки животи.

Во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и со учество на претставници од локалната самоуправа, Владата и Министерството за внатрешни работи, денеска, се одржа првата Национална конференција посветена на безбедноста во сообраќајот на локално ниво на која беше потпишана заедничка декларација на општините за унапредување на сообраќајната безбедност и намалување на бројот на сообраќајни несреќи со жртви.

Како што истакна претседателот на РСБСП, Горан Ангеловски, конференцијата има цел да поттикне размена на знаења, добри практики и поефикасна меѓуинституционална координација, со цел побезбеден сообраќај за учесниците. Во рамки на конференцијата, тој посочи дека градоначалниците со потпишување на заедничка декларација ја изразуваат посветеноста за намалување на сообраќајните несреќи и загубата на човечки животи.

  • Во рамките на конференцијата од страна на градоначалниците на општините ќе биде потпишана заедничка декларација со која ја изразуваат посветеноста за придонес кон поголем, поуреден и побезбеден сообраќај и во делот на намалување на бројот на сообраќајни незгоди со загинати лица. Во наредниот период ќе бидеме посветени на соработка со сите институции и граѓанскиот сектор, со единствена цел побезбеден и поуреден сообраќај и намалување на човечките загуби, рече Ангеловски.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека институциите мора заеднички да работат за подобрување на црната статистика за бројот на жртви на годишно ниво, нагласувајќи дека инфраструктурата во државата е клучен фактор за безбедни патишта. Според него, најзначајно е да се изгради добра инфраструктура и затоа, нагласи, државата интензивно работи на изградба на повеќе стратешки инфраструктурни проекти.

  • Имаме исклучително значаен настан за најбитната работа, тоа е спасување на човечки животи. Мора сите заеднички да работиме да се подобри црната статистика. Многу е значајно да се изгради добра инфраструктура, во што многу вложуваме  и таа да е добро испланирана. Секако најбезбедни се автопатиштата и многу вложуваме во автопати. Тука е завршувањето на автопатот Кичево – Охрид, изградбата на автопатот Кичево – Букојчани, закојшто очекувам во текот на овој месец да избереме изведувач, интензивно се работи на Букојчани – Гостивар, Тетово – Гостивар, којшто сите велиме дека е автопат, меѓутоа беше експресен пат, работиме и на Прилеп – Битола, а подготвуваме и решение за делот од Прилеп до Фариш, рече Николоски.

Потребна е меѓуресорска соработка за општинската инфраструктура, оцени Николоски, како и градење нова култура на почитување на сообраќајните правила.

  • Не смееме да прифатиме дека законите важат за сите, а не важат за нас. Мора да ја менуваме културата и да ги почитуваме правилата, рече Николоски.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, се осврна на проектот „Безбеден град“, кој од вчера е на тест период. Тошковски го оцени како клучен за подобрување на безбедноста и намалување на бројот на жртви и нагласи дека „Безбеден град“ може да даде резултати само ако постои целосна неселективност.

  • Ова е одлична можност граѓаните да се запознаат со тоа што сака државата да го имплементира, вели Тошковски, бидејќи, како што рече, 142 жртви годишно не се само бројка, тоа се луѓе со семејства.

Една голема благодарност за одржувањето на оваа конференција, која навистина дава поттик и надеж дека понатаму можеме да имаме од страна на повеќе институции заеднички пристап во насока на подигнување на безбедноста во рамки на сообраќајот. Целта е да ги запазиме европските вредности и стремежи согласно европската стратегија, до 2030 година да го намалиме бројот на сообраќајни жртви на пола, а до 2050 година да имаме нула сообраќајни жртви на улиците во Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

To top