Македонија

Јанев: Со партнерство меѓу полицијата и граѓаните до побезбедни и поотпорни заедници

Директор на Бирото за јавна безбедност при МВР

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денеска се обрати на отворањето на дводневната обука за високо раководно ниво во делот на Полициско работење во заедницата, попознато како Community policing, реализирана во рамки на проектот „Шведска поддршка за полициските реформи во Македонија“.

-Во моето обраќање потенцирав дека полициското работење во заедницата е стил на полициско работење кој се заснова на доверба помеѓу граѓаните и полицијата, превенција на асоцијални и криминални поведенија, како и заедничко идентификување на проблемите и изнаоѓање решенија за нивно решавање. Убеден сум дека само преку градење партнерства и активно вклучување на граѓаните можеме да создадеме побезбедни, посилни и поотпорни заедници, вели Јанев.

Тој додава дека обуката ќе биде од корист затоа што од круцијално значење е да се создаде и одржи силна врска помеѓу полицијата и заедницата, бидејќи само така може да се постигне траен напредок во безбедноста и правдата во општеството.

Најнови вести од: Македонија

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

Најнови вести

To top