Македонија

Филипче во стилот на Бошко Буха, најави дека ќе има нови бомби (ВИДЕО)

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, најави радикална промена во борбата против корупцијата: партијата повторно ќе „пушта бомби“, но овој пат тие ќе бидат кривични пријави против актуелни функционери од владејачката гарнитура

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, најави радикална промена во борбата против корупцијата: партијата повторно ќе „пушта бомби“, но овој пат тие ќе бидат кривични пријави против актуелни функционери од владејачката гарнитура. Наместо нелегално прислушкувани разговори, овие „бомби“ ќе ги подготвуваат млади партиски активисти, кои Филипче ги нарече „нова сила“ – генерација подготвена да ги разоткрие корупциските шеми.

На денешната прес-конференција, Филипче упати отворен повик до главната европска обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија и лично да се запознае со, како што рече, „малверзациите што ВМРО-ДПМНЕ ги прави со европските фондови“. Тој најави и покана за италијански антикорупциски експерти со искуство во борбата против мафии, уверувајќи дека штом ја победиле Коза Ностра, ќе ја совладаат и „мафијата на ВМРО-ДПМНЕ“.

– СДСМ ја повикува европската обвинителка Лаура Ковеши да се запознае со малверзациите со европските фондови, меѓу кои и тоа што е веќе јасно, ИПАРД програмата во која се загрозени 130 милиони евра. Власта единствено нешто што прави со скандалот со ИПАРД е да ја дефокусира јавноста. Наместо одговорност после апсењето на директорот во Агенцијата за финансиска поддршка, член на ВМРО-ДПМНЕ, гледаме само спинови и обвинувања кон опозицијата. Не е ова темен вилает на ВМРО-ДПМНЕ да си играат со судбината на Македонија и со европската иднина на граѓаните – рече Филипче.

Втората клучна иницијатива е формирањето на антикорупциски тим во рамките на партиската програма „Нова сила“. Овој тим ќе биде составен од експерти и советници од областа на правото и финансиите, но пред сè од млади активисти и истражувачи на СДСМ. Неговата задача ќе биде да истражува скандали, да ги разоткрива корупциските шеми и да поднесува кривични пријави до национални и меѓународни институции.

– Превенцијата не успеа, корупцијата ескалираше. Секој што крадел ќе одговара. Ние ги спремивме новите бомби, 2.0, утре ќе објавиме нова, за нов скандал и корупциска шема на владејачката гарнитура – рече Филипче.

Овие најави доаѓаат во време на зголемени тензии околу скандалот со ИПАРД, каде што се загрозени 130 милиони евра европски средства, и апсењето на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка, кој е член на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче ги обвини властите дека наместо одговорност, се обидуваат да ја дефокусираат јавноста со спинови и обвинувања кон опозицијата.

 

СДС најавува „бомби за ВМРО ДПМНЕ“, но што кога ним ќе им пукнат во дворот „обвинителските бомби“ за пљачкањето на државниот буџет?!

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, рече премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините мерки се очекува Македонија да има најниски цени на горивата во регионот, дури и во услови на глобален раст на цените. Тој посочи дека Владата очекува Регулаторната комисија да ја земе предвид донесената одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, со што нема да има значително зголемување на цените на бензините, а дизелот ќе се движи во рамки на предвидените пресметки.

To top