Македонија

Мицкоски: Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја гледам како расадник на идни лидери

Иднината не започнува утре. ИДНИНАТА ЗАПОЧНУВА ДЕНЕС! И ТАА ИДНИНА ЈА ГРАДИМЕ СИТЕ ЗАЕДНО!, порача премиерот.

,,Верувам дека секоја генерација има можност да остави свој белег, да создаде нови вредности и да изгради подобра иднина. Македонија е наша заедничка одговорност, а нејзината иднина зависи од делата што ги создаваме денес”, рече премиерот Христијан Мицкоски, на прославата на 35 години УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

  • Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја гледам како расадник на нови идеи, знаење и идни лидери, генерација која треба да ја продолжи борбата за посилна и поуспешна Македонија. Токму затоа, денес најавивме три нови мерки за младите: 20 проценти поевтини станови за млади брачни парови до 35 години, нула денари комуналии за изградба на куќи за млади брачни парови и 20 проценти повеќе средства за студентскиот оброк. Сакаме да создадеме подобри услови младите да го решат станбеното прашање, да го започнат својот семеен живот и да ја градат својата иднина тука, во Македонија.

Најавивме и почеток на кампањата „Очи в очи за подобро“, преку која ќе излеземе на терен, ќе разговараме директно со граѓаните, ќе ги слушнеме нивните проблеми и предлози и ќе разговараме за сработеното, но и за она што мора да го подобриме.

Сакам јасно да порачам дека во борбата против насилството врз жените имаме целосна поддршка за секој што бара безбедно и праведно општество. Насилството не смее да има политичка боја, ниту да биде предмет на партиски пресметки. Потребни се превенција, силен институционален одговор и заедничка општествена одговорност.

Верувам дека големината на една генерација не се мери според тоа колку лесно време наследила, туку според тоа колку подобро време оставила зад себе. Сакам нашето наследство да биде Македонија во која младите ќе имаат причина да останат, да создаваат, да работат и да успеваат.

Иднината не започнува утре. ИДНИНАТА ЗАПОЧНУВА ДЕНЕС! И ТАА ИДНИНА ЈА ГРАДИМЕ СИТЕ ЗАЕДНО!, порача премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Не се укинува вториот пензиски столб – законската одредба за 6%, се префрла во друг закон, рече министерот Велковски

Дали со предлогот за  бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб власта ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои се негови членови?!

Во Битола се одржа литија низ Широк Сокак со чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска

По Светата Литургија, чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска беше изнесена во свечена литија низ Широк Сокак, во која се вклучија свештениците, монашките заедници и бројните ходочесници. Со литијата заврши централниот дел од ходочестието во Битола.

To top