Македонија

Ниту Тошковски не е „поштеден“ од системот „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски возејќи кон Кавадарци на партискиот конгрес добил смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи се движел со 1 км/ч над дозволената брзина.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски возејќи кон Кавадарци на партискиот конгрес добил смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи се движел со 1 км/ч над дозволената брзина.

„Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без разлика кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани“, вели Тошковски.

Додава дека управувањето со возило е обврска, не привилегија.
„Така се гради доверба, така се гради безбедност. Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку ред, дисциплина и спасување човечки животи. Со алармантниот број на жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме личен пример и одговорност. Оваа држава ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи не и нас кои сме најодговорни за нивното спроведување“, пишува тој на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Бујар Османи ја кодоши Македонија пред меѓународната заедница

Тврди дека Владата погрешно ја претставува природата на студентските протести, етикетирајќи ги како партиски, а ваквите обиди за заблуда, како што вели, не ја одразуваат вистинската грижа на студентите кои се директно поврзани со спроведувањето на постојните права.

To top