Македонија

Мицкоски: Победи идејата – од поглавје на кризи, отвораме поглавје на зрелост

Мицкоски додаде дека ова е вечер кога правиме историски исчекор, вечер кога партијата што ја создадоа генерации борци, создаваме заедно стратегија, доктрина и нова национална рамка

Денес на овој свечен момент за нашата партија на највисокото тело на партијата, Конгресот, донесовме документи кои се иднината на оваа партија. Документи кои треба да ја обноват вербата во политиката и да покажат дека со стратегија и план, резултатите се на дофат и иднината е гарантирана, рече Христијан Мицкоски во своето обраќање на XVIII Конгрес по реизборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека ова е вечер кога правиме историски исчекор, вечер кога партијата што ја создадоа генерации борци, создаваме заедно стратегија, доктрина и нова национална рамка, како и вечер кога таа визија ја добива поддршката што ја претвора во обврска за сите нас.

„Вечерва, на овој конгрес, не добив само реизбор како претседател на ВМРО ДПМНЕ, туку денеска, победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Се потврди и недвосмислено зајакна решителноста да излеземе од кругот на стравот, поделбите, ниските амбиции и политичките навики што ја влечеа државата назад. Благодарам за овој ден. Благодарност и честитки за организацијата на овој настан и луѓето кои земаа учество. ВМРО-ДПМНЕ вечерва затвора едно поглавје на транзиции, кризи, напади, притисоци и неправди. И го отвора поглавјето на зрелост“, рече Мицкоски.

Заблагодарувајќи сè уште еднаш за довербата, Мицкоски потенцираше дека ова не е лесен товар, туку е товар што го прифаќа со мир, затоа што знае дека не го носи сам, затоа што знае дека позади него стои народот.

„Со мир затоа што знам дека зад мене стои народот и стоите сите вие, што во најтешките моменти не изгубивте ниту надеж, ниту достоинство. Во годините што поминаа, многу се зборуваше за тоа што треба да биде Македонија, а премалку за тоа што може да стане. Затоа што државите не ги уништуваат непријателите однадвор, ги уништува сомнежот и немањето амбицијата одвнатре. Македонија премногу долго беше научена да се гледа себе низ очите на другите, да се мери со туѓи очекувања, да чекори темпо кое друг го диктира“, посочи, меѓу другото, Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Премиерот на Хрватска, лидери од Италија, Шведска, Словенија, Германија и ЕНП со силни пораки за ВМРО-ДПМНЕ

Според партиски извори, ова е најсилниот меѓународен „ветер во грб“ што ВМРО-ДПМНЕ го добила на партиски конгрес во последната деценија, сигнал дека Македонија повторно се позиционира како земја со предвидлив политички курс и европска ориентација.

Судската администрација можно е да излезе на улица од вторник, капак на се – последната одлука

Проблемите како да не стивнуваат во овој сектор. Дополнително судската администрација се соочува и со недостиг на кадар. Деаноски додаде и дека со години наназад имаат неуспешни огласи за вработување пред се заради почетната плата на вработените која е 25.000 денари. Деаноски е револтиран поради тоа што според него ниту една влада досега не успеала да ги слушне проблемите на вработените во овој сектор.

To top