Македонија

(Видео): Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Ќе се градат железници, автопати, ќе се градат здравствени и енергетски инфраструктурни проекти, но, за жал на опозицијата која се обидува да спинува, нема да се градат какви било бегалски кампови, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ, а тоа, како што рече денеска на прес-конференција пратеникот Антонијо Милошоски, во изјава го потврдил и амбасадорот на Oбединетото кралство во земјава. Договорот за стратешко партнерство со Британија, не предвидува и изградба на бегалски кампови во Македонија, вели пратеникот Милошоски.

  • Британија откако излезе од ЕУ со сите земји од Западен Балкан, но и со самата ЕУ  склучува вакви договори каде што Британија ја враќа легалната основа на Фронтекс за борба против организирана, нелегална, миграција. Тоа го прави со овој дополнителен механизам кој е комплементарен со Фронтекс. И на крај, нема подобар демант за ваквите спинови од на некои опозициони партии од изјавата на британскиот амбасадор кој изјави дека Британско – македонскиот стратешки договор предвидува и потврдува  инвестирање во инфраструктура, во образование  и во одбрана, но не предвидува во Македонија изградба на бегалски кампови во Македонија – рече Милошоски.

Тој реагираше на изјавите на опозиционите партии кои се потпираат на текст на британски медиум дека Британија преговара со Македонија прима депортирани одбиени азиланти во земјава. Според објавите, двете држави од есенва биле влезени во формални преговори за да се реализира овој план.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top