Македонија

Глутница кучиња напаѓаат луѓе во скопската населба Карпош 4 (ВИДЕО)

Глутница кучиња напаѓаат луѓе во скопската населба Карпош 4, велат жители на населбата кои се јавија во нашата редакција.

Глутница кучиња напаѓаат луѓе во скопската населба Карпош 4, велат жители на населбата кои се јавија во нашата редакција. Тие велат дека секојдневно излегуваат од дома со страв и несигурност бидејќи кучињата се агресивни. Објаснуваат дека проблемот постои од летово, кога одеднаш глутница кучиња се појавиле во нивната населба.

„Нашите претпоставки се дека кучињата се донесени од негде, бидејќи со години живееме во ова маало и овие кучиња не биле тука. Агресивни се, средината не им е позната и постојано лаат и трчаат по луѓе. Јас сум љубител на животни, чувам куче, но оваа ситуација ја загрозува нашата безбедност. Не можам да излезам од дома да го шетам моето куче бидејќи нè напаѓаат. Минатата недела излегов со кучето и 4-годишна внука на прошетка во паркот пред зграда. Глутницата кучиња почна да трча кон нас, со детето и кучето в раце бегав кон влезот на зградата за да не бидеме нападнати“, вели жителка на населбата Карпош 4.

Жителите велат дека поднеле неколку пријави до ЈП „Лајка“ и Општина Карпош, но со месеци нема никаква реакција.

„Бараме строга, брза и прецизна акција во рамките на вашите законски надлежности. Овој проблем е од јавен интерес и бара итна интервенција за хумано отстранување на глутницата од улиците и нејзино соодветно третирање“, велат граѓаните.

Директорката на ЈП „Лајка“ Радмила Пешева вели дека се запознаени со овој проблем, дека еднаш реагирале, но кучињата се размножиле и од технички причини не можеле сите да ги заловат.

„Тоа се диви кучиња, не се од градска средина и многу потешко оди нивното заловување. Дури, баравме помош и од приватни ветеринарни служби да ни помогнат и заловивме 8 кучиња. Но, се размножија и затоа сега повторно се агресивни. Периодов имавме проблеми, не можевме да излеземе повторно на терен, но веднаш ќе ги преземе сите мерки за да ја разбиеме глутницата, која е опасна за жителите“, вели Пешева.

Целото интервју на директорката на ЈП „Лајка“ можете да го погледнете подоле

 

Најнови вести од: Македонија

Иста судијка, две одлуки: Ослободителна пресуда за таткото на Васил, Зоран Јованов

Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од вина Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајната несреќа на булеварот партизански одреди во Скопје во која смртно страдаше Фросина Кулакова

Премиерот најави за 5% до 10% пониски сметки за струја за граѓаните

Владата подготвува потрошувачко портфолио кое треба да биде усогласено со „ЕВН Хоум“ и државната компанија ЕСМ, со цел да се обезбеди пониска цена на електричната енергија за граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека заеднички состанок со компаниите ќе се одржи оваа или следната недела. Премиерот информира и дека се ​консолидирани акумулациите, кои во април, односно јуни пред две години беа на 7%, сега се на 80% исполнетост.

To top