Бизнис

Патувањата на најјако: Каде Македонците ќе ја дочекаат Новата година?!

Хотелите во Охрид наплаќаат од 45 до 150 евра по лице за една ноќ престој. Но дел од граѓаните ќе престојуваат во апартмани каде што за едно ноќевање со појадок цената изнесува од 165 евра па нагоре.

И годинава граѓаните ќе ја дочекаат Новата година според своите желби и длабочината на џебот. Едни ќе останат дома, а други се подготвуваат за поскапи патувања во странство. Туристичките агенции веќе ги продаваат патувањата кои годинава се за 10% поскапи од ланските, објави Плусинфо. Дочекот на Новата година, според понудата на туристичките агенции и зависно од тоа каде ќе се слави, дома или во странство, за двајца може да чини од 545 евра за три ноќи во Охрид до 2.000 евра во Париз.

Хотелите во Охрид наплаќаат од 45 до 150 евра по лице за една ноќ престој. Но дел од граѓаните ќе престојуваат во апартмани каде што за едно ноќевање со појадок цената изнесува од 165 евра па нагоре.

Понудата за странство е за три или 4 ноќевања и главно се однесува на патувања со дочек на Нова година во некои европските градови. Речиси сите агенции ги нудат Рим, Париз, Атина, Барселона, Будимпешта, Истанбул и Малта.

Цените се слични и за четири ноќи со појадок за двајца. На пример, за Рим е 1.118 евра, во Париз од 1.298 до 2.156 евра.

Четири ноќи во Истанбул чинат 859 евра, а во Мадрид 1.298 евра.

Шест ноќевања во Дубаи чинат 2.389 евра за двајца.

Од регионот каде што може да се патува и со автобус за четиридневен престој во Атина за двајца се потребни од 358 до 458 евра. Исто така се нудат и патувања со дочек за Нова година во Тиват, Нови Сад и на францускиот Азурен брег, но и на Пелопонез каде што петдневно патување со три ноќевања за двајца чини 390 евра.

Туристичките работници велат дека има интерес за новогодишните патувања.

  • Цената, за разлика од лани, е зголемена за 10% за речиси сите дестинации. Годинава нудам само едно петдневно патување за Нова година со три ноќевања за Пелопонез во кое е вклучен и дочекот, но главниот фокус е ставен на разгледување на историските и културните знаменитости Акропол, Микена, Епидаурус и манастирите во Метеори. Ваквите престои последните години стануваат сѐ поактуелни кај странските туристи и време е да ги научиме и нашите граѓани на вакви престои во странство поврзани со празници или одмор – велат од туристичките агенции.

Граѓаните, зависи од тоа колку сакаат да потрошат за Нова година, избираат само дочек или неколкудневно патување во странство.

Најнови вести од: Бизнис

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

Како да се ограничи употребата на млеко во прав и палмино масло во млечните производи?!

Стопанската комора со години укажува на проблемите во млекопроизводството, потребата од контрола на квалитетот на домашните и увозните млечни производи и потребата од усогласување на правилата со европските стандарди.

Се намалува делот од платата за плаќање рати – Народна банка со построги правила за кредитите

Од 1 декември се намалува максималниот рок за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години, соопшти Народна банка откако ги усвои измените на правилата за кредитирање.

Славески: Структурните реформи можат значително да ја забрзаат конвергенцијата кон ЕУ

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата.

Пад на невработеноста – 88.000 луѓе се пријавени во Агенцијата, најголем дел со или без образование

Најголем група на невработени се лицата без образование, или само со основно образование. Тие достигнуваат дури до 50.426 од вкупниот број на пријавени граѓани кои се невработени.

(Фото): НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите – нова зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони – простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го менуваат маалото на подобро. Токму на стартот на академската година, Дебар Маало доби ново место за поврзување, но и силна порака за заедничка одговорност „Чувај го твоето маало“. Отворањето го одбележаа музика, дружење и голем број млади од скопските факултети и средни училишта.

Поради намалените акцизи и ДДВ за горивата, во Буџетот фалат од 6 до 7 милијарди денари

Евентуалните ограничувања на извозот на дизел од САД би можеле дополнително да го затегнат европскиот пазар и да ги зголемат цените. Тоа би бил нов удар и за земјите кои, како Македонија, зависат од увоз на енергенти.

To top