Бизнис

Повеќе од 100.000 странски туристи ја посетиле земјава само во мај

Бројот на ноќевањата во мај изнесува 236.727, од кои 75,8% се од странските, а 24,2% од домашните туристи.

Во мај годинава, во земјава се евидентирани 131.723 туристи, од кои 106.756 странски, а 24.967 домашни, објави Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во мај изнесува 236.727, од кои  75,8% се од странските, а 24,2% од домашните туристи.

Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2,6%. Кај домашните туристи има намалување за 4,4%, а кај странските има зголемување за 4,9%.

Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1,0%. Кај домашните туристи има намалување за 4,1%, а кај странските зголемување за 3,3%.

Најголем број од странските туристи биле од Турција (34.681), од Германија (9.578), од Србија (7.605) и од Бугарија (4.858).

Најнови вести од: Бизнис

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

Најнови вести

To top