Македонија

Интерконекторот Македонија-Србија оди напред со забрзано темпо, двете земји градат нова економска врска

Интерконекторот Македонија–Србија ќе ги поврзе гасните системи на двете земји и ќе овозможи поголема енергетска сигурност и диверзификација.

Интерконекторот Македонија-Србија оди напред со забрзано темпо. Проектот за гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија влегува во забрзана фаза на реализација, откако македонска делегација, предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, оствари работна посета на Белград.

Делегацијата, во која учествуваа претставници од Министерството за енергетика, како и раководни лица од Номагас, МЕМО и МЕПСО, престојуваше во српската престолнина по покана на српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Хандановиќ Ѓуровиќ. Главен фокус на средбите беше забрзувањето на активностите за изградба на гасниот интерконектор – проект со стратешко значење за енергетската безбедност и регионалната поврзаност.

На работните состаноци беа разгледани клучните технички, финансиски и институционални чекори неопходни за продолжување на изградбата. Интерконекторот ќе има вкупна должина од околу 67 километри, од кои 23 километри на територијата на Македонија и 44 километри во Србија. Тој ќе ги поврзе гасните системи на двете земји, со приклучок кај Клечовце на македонска страна и кон националната гасоводна мрежа во близина на Врање.

За финансирање на проектот веќе е изразен интерес од Светската банка, како и од други комерцијални банки, што дополнително ја потврдува неговата важност во рамки на пошироката визија за интегриран и диверзифициран регионален пазар на гас.

Министерката Божиновска нагласи дека проектот се движи според договорената динамика меѓу двете работни групи.

  • Интерконекторот со Србија е клучен проект што ќе ја отвори нашата земја кон нови извори на гас и ќе ја зајакне регионалната енергетска стабилност. Ова не е важен проект само за Македонија и Србија, туку и за Европа. Имаме завршени студии, усогласена траса и координирана акција. Нашата цел е интерконекторот да стане реалност во најкраток можен рок, бидејќи секој ден е важен за сигурноста на граѓаните и економијата – истакна Божиновска.

Српската министерка Хандановиќ Ѓуровиќ ја потенцираше регионалната димензија на проектот.

  • Гасниот интерконектор со Македонија има значење што оди подалеку од нашите граници. Тој е дел од визијата за енергетски поврзан и стабилен регион, усогласен со европските цели. Соработката е интензивна и конструктивна, а со поддршка од Транспорт гас Србија и Номагас создаваме нова енергетска оска на стабилност – рече таа.

Двете страни се согласија на редовни и интензивни средби со цел навремена реализација на сите активности. Според усогласената динамика, изградбата на интерконекторот се очекува да биде завршена во 2027 година, додека првиот гас низ новиот гасовод се очекува да протече во 2028 година.

Проектот е планиран да биде и технички подготвен за иден транспорт на водород, во согласност со долгорочните европски енергетски и зелени политики.

На крајот од средбата беше потврдена заедничката определба гасниот интерконектор Македонија–Србија да стане модерна, безбедна и функционална енергетска врска, која ќе обезбеди поголема сигурност, диверзификација и регионална интеграција во интерес на граѓаните и економијата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Скопје како „Новoгодишна зимска бајка“ – магија во главниот град

На скопскиот плоштад „Македонија“, во присуство на жители на главниот град и граѓани од целата држава, вечерва свечено беше осветлена новогодишната елка и отворен Божиќниот маркет, со што и официјално започна празничната програма „Скопје – новогодишна зимска бајка“, која ќе трае до 31 декември.

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДСМ, за да ги скријат внатрешните проблеми

Нема вистина во пишувањата на британските медиуми за мигрантски кампови во Македонија!“ – порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија во вечерашното интервју во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Трезорот работи – простор за паника нема, смирува Димитриеска-Кочоска

Последните денови јавноста е преплавена со најави дека државниот трезор ќе се затвори на 15 декември поради недостиг на приливи, што би значело стопирање на сите исплати, вклучувајќи пензии, социјални трансфери и К-15. Министерството за финансии и Владата категорично ги демантираат овие тврдења, нагласувајќи дека буџетот е ликвиден и дека нема простор за паника.

(Фото): Стартува авиолинијата Скопје – Прага, се враќа и линијата за Келн

Бенефити за граѓаните, бизнис секторот и туристичката индустрија се очекувањата од новата директна авиолинија Скопје-Прага на која од денеска сообраќа нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Ќе има летови секој понеделник, среда и петок. Во мрежата на дестинации на скопскиот аеродром од вечер дел ќе биде и рутата за Келн, со четири лета неделно на „Виз ер“, секој понеделник, среда, петок и недела.

“Правниот експерт“ Османи контра правната Венецијанска комисија: Законот за правична застапеност не може да го замени балансерот!

Бујар Османи со „хирургиска прецизност“ „експертски“ ги констатира „слабостите“ на новиот закон за правична и соодветна застапеност, кои правните експерти од Венецијанската комисија не умееле да ги согледаат како тој, толку јасно што „аргументира“ со дури 7 „бидејќи“ поради ова, бидејќи поради она… Можеби од Венецијанската комисија ќе треба да размислат за отворање своја експозитура со шалтер во тетовска мала Речица…

To top