Македонија

Анкета на Маркет Вижн: Коцевски да си оди а судиите и обвинителите да работат за иста плата

Потврди фактот дека македонските граѓани не се задоволни од работата на судиите и јавните обвинители

Граѓаните се за смена на обвинителот Коцевски и против зголемување на платите на судиите и обвинителите.

Само еден од четворица граѓани сметаат дека судиите и обвинителите треба да земаат поголеми плати кои се движат околу 2000 евра.

Само двајца од 10 граѓани сметаат дека државниот обвинител Коцевски добро ја работи својата работа.

Последното истражувањето на јавното мислење на МКД.мк спроведено од агенцијата Маркет вижн само го потврди фактот дека македонските граѓани не се задоволни од работата на судиите и јавните обвинители во македонското правосудство.

Најголем дел од испитаниците сметаат дека судиите и обвинителите не заслужуваат зголемување на нивните месечни примања, а повеќе од 40 отсто од испитаниците се за смена на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

 

На прашањето дали судиите и јавните обвинители заслужуваат зголемување на платите, дури 73,6 отсто од испитаниците одговориле негативно. Само 14,8 отсто од испитаниците сметаат дека зголемувањето на буџетот за македонското правосудство е заслужено.

 

Најголем дел од испитаниците сметаат дека ситуацијата во судството нема да се подобри ако судиите и обвинителите добијат повисоки плати.

 

Во однос на работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски 42,3 отсто од испитаниците дале негативна оценка за неговата работа, а 22,2 отсто оцениле дека тој добро си ја врши работата.

 

Речиси 40% од испитаниците се согласиле со тврдењето дека тој треба да биде сменет.

 

Анкетирањето било спроведено од 25 ноември до 6 декември 2025 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

 

Сите прашања и слајдови на МКД.мк

Најнови вести од: Македонија

УЈП: За шест месеци граѓаните „оставиле“ 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и на слот-машини

 Иако веќе почнаа да се применуваат роковите за дислоцирање на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците, трошењето пари на „игри на среќа“ не покажува опаѓање

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

To top