Македонија

Нела Манческа седма на јуниорскиот Евросонг (ВИДЕО)

Претставничката на Македонија со песната „Чудо“ беше петта во Тбилиси по гласањето на стручното жири

Нела Манческа со „Чудо“ ѝ го донесе на Македонија седмото место меѓу 18 учесници на 23. Јуниорскиот избор на песна на Евровизија во Тбилиси.

Македонската претставничка освои вкупно 141 поен, од кои 92 од стручното жири и 49 од телевоутингот.

По гласањето на жирито таа беше петта, зад Франција со 152 бода, домаќинот Грузија со 121, Ерменија со 117 и Шпанија со 98, а Италија и Црна Гора ѝ дадоа по 12 поени.

Но, по додавањето на гласовите од гледачите од 88 земји Лу Делез од Франција остана прва со вкупно 248 поени, пред Украина со 177, Грузија со 176, Ерменија со 175, а пред Македонија завршија уште Шпанија со 152 и Албанија со 145.

„Чудо“ (Miracle) е авторски проект на продуцентот Лазар Цветкоски, а текстот е на Магдалена Цветкоска.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top