Македонија

Ракометарот Дејан Манасков приведен по физички напад врз тренер

Репрезентативецот и ракометар на „Еурофарм Пелистер“, Дејан Манасков (33) од Скопје, вчера вечерта бил приведен од полицијата во Охрид по завршувањето на ракометниот натпревар меѓу ГРК Охрид и неговиот клуб.

Репрезентативецот и ракометар на „Еурофарм Пелистер“, Дејан Манасков (33) од Скопје, вчера вечерта бил приведен од полицијата во Охрид по завршувањето на ракометниот натпревар меѓу ГРК Охрид и неговиот клуб.

Според информациите од СВР Охрид, на 14 декември околу 20:20 часот, по натпреварот во спортската сала „Биљанини Извори“, Манасков при меѓусебното поздравување на играчите физички го нападнал К.А., помошен тренер на домашниот ГРК Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потврди дека Манасков е приведен, а по целосно расчистување на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, најверојатно за нарушување на јавниот ред и мир или физички напад.

Натпреварот заврши со победа на ГРК Охрид од 29:25 против „Еурофарм Пелистер“.

Од полицијата најавија дека во текот на денот ќе излезат со повеќе детали за нарушувањата на јавниот ред и мир поврзани со овој настан.

Најнови вести од: Македонија

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост

Музичкото издаваштво во Македонија е витално и потентно, а неговиот иден развој ќе зависи од системското препознавање на неговите вредности

To top