Спорт

Охрид му зеде мерка на шампионот Еурофарм Пелистер!

Охриѓани со убедлива победа од 29:25 над битолчани во дербито на 17. коло од Суперлигата во „Билјанини извори“

Ракометарите на Охрид му го нанесоа вториот првенствен пораз на бранителот на титулата Еурофарм Пелистер, совладувајќи го со 29:25 во дербито на 17. коло од македонската Суперлига.

Само четири дена по победата на пелистерци над лидерот Вардар во Битола стигна отрезнувањето во салата „Билјанини извори“, по кое составот на привремениот тренер Звонко Шундовски заостанува четири бода зад двократниот европски шампион, а третопласираните охриѓани им се доближија само на еден бод на битолчани.

Учесникот во Лигата на шампионите беше целосно надигран во Охрид, кој во еден момент имаше и максимална предност од 27:18!

Стефан Петриќ со седум гола беше најефикасен во победничката екипа, а за поразената Дејан Манасков забележа осум погодоци.

Домашниот голман Кристијан Пилиповиќ даде значителен придонес за изненадувањето на полусезоната со своите 12 успешни интервенции.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

Најнови вести

To top