Македонија

Далноводите во Македонија ќе станат безопасни за птиците како дел од проект на ЕУ

На електричните столбови ќе се постават рефлектори и пренасочувачи за заштита на царскиот орел и на египетскиот мршојадец

Илјадници електрични столбови во Македонија, Бугарија и Турција ќе бидат обезбедени со цел да се заштитат глобално заштитените видови птици.

Далноводите ќе бидат опремени со рефлектори за да се спречи јата да ги удираат жиците, а ефектот од заштитните мерки ќе се следи за да може ова да се имплементира и во други земји.

Мерката ќе биде спроведена во текот на следните пет години како дел од меѓународен проект во рамките на програмата „Живот“ на Европската унија.

Во проектот се вклучени ЕВН Македонија, Македонското еколошко друштво (МЕД), како и бугарската „Електрораспределение Југ“ (дел од ЕВН), во соработка со Бугарското друштво за заштита на птиците а од Турција четири компании за дистрибуција на електрична енергија, заедно со Турското еколошко друштво (ДОГА).

Вкупниот буџет на проектот надминува 11,3 милиони евра. Од нив, ЕК ќе финансира речиси 8,5 милиони, а преостанатите средства ги обезбедуваат партнерите во проектот.

Целта на проектот е да се поддржи зачувувањето на глобално загрозените царски орел и египетски мршојадец преку модернизација и обезбедување на енергетските капацитети во земјите учеснички.

Во Македонија и во Турција ќе бидат опфатени 48 важни места за птиците и за биодиверзитетот, а само во Македонија ќе бидат обезбедени 3.000 столбови и ќе бидат инсталирани 1.000 пренасочувачи.

Планирано е пренасочувачите да се инсталираат со три професионални дронови, а четвртиот ќе се користи за теренски истражувања и анализа на податоци со помош на специјализиран софтвер. Исто така, планирано е да се купи специјализирана опрема – две воздушни платформи за мрежни активности.

Иако проектот е фокусиран на популациите на царскиот орел и на египетскиот мршојадец, активностите ќе се одразат и на многу други видови – практично сите птици што се размножуваат, мигрираат или зимуваат во проектните области.

 

Најнови вести од: Македонија

Се бара одложување на примената на новиот закон за заштита од пушење

Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите закони што директно го засегаат здравјето на сите наши граѓани. Да ја заштиме повозрасната популација, но и она што е најбитно – и најмладите н- изјави денеска проф. д-р Оливер Зафировски, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје.

Почнува блокада на институциите – Сојузот на синдикати најпрво ќе удрат на Собранието

Сојузот на Синдикати започнува со блокади. Први на удар ќе се пратениците и на 10-ти февруари нема да можат да отидат на работа, оти ќе биде блокирано Собранието. ССМ ова го прави во знак на револт, оти не се оѕвале на апелите за носење на законите за раст на платите.

To top