Македонија

Борба за правда без компромиси: Мицкоски повика професионалци за јавен обвинител

Избор на нов републички обвинител

„Одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител не е само политичка, иако е логично да е политичка одлука“.

Вака изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју во дневникот на телевизија Сител.

Ние ја водиме владата и дадовме шанса година и половина, како ниедна влада во минатото, на наследен Јавен обвинител му оставивме година и половина да се размавне со неговиот тим. Ги видовме резултатите какви се, и логично е, не сме задоволни и влегуваме во процес да бараме Јавен обвинител од којшто очекуваме многу повеќе – посочи премиерот Мицкоски, охрабрувајќи ги сите коишто се чувствуваат компетентни да се пријават за нов Јавен обвинител.

Мицкоски потсети дека, согласно закон, потенцијалниот Јавен обвинител доаѓа од јавнообвинителската служба со минимум 10 години работно искуство или кривичен судија.

– Не може сега истакнати правници, таков е законот. Сега од овој базен треба да очекуваме да се пријават кандидати. Логично е од обвинителството да се пријавуваат кандидати коишто се минимум во вишите обвинителства во апелационите подрачја и претпоставувам оние јавни обвинители од државното јавно обвинителство, како и кривични судии коишто се кривичари коишто очекуваме да поднесат свои апликации. Дали имаме фаворит, ако ме прашувате, немаме, еве ги охрабрувам сите оние коишто се чувствуваат компетентни, коишто сакаат правда, право во државата да се пријават – нагласи премиерот.

Најнови вести од: Македонија

„Лидерот“ Филипче е само маша, со која се штити криминалот на Заеви – никој во СДСМ не сака да му биде во тимот

Филипче е континуитет на погрешните политики на Заев кои ги осиромашија граѓаните и ја ставија во подредена положба државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Во СДСМ ништо не се менува, партијата под раководство на Венко Филипче останува заложник на бизнис интересите на кланот Заеви, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче е воодушевен од неговиот ментор Зоран Заев и не пропушта можност […]

Вреди: Новиот закон за правична застапеност затвора поглавје на политичка измама

Коалицијата Вреди објави дека новиот закон за правична и соодветна застапеност претставува крај на долгогодишната политичка манипулација со ова прашање, кое две децении се користело како слоган и алатка за уцена.

Во Брисел заседание на Советот за општи работи, расправа и за Заклучоците за проширувањето на ЕУ

Подготовките за претстојниот Самит на ЕУ, заклучоците на Советот за проширувањето, повеќегодишната финансиска рамка на блокот, годишниот извештај на Европската комисија за поедноставувањето и програмата за работа за 2026 година, ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел.

Премиерот Мицкоски од денеска во Брисел, утре ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан

Според најавите, предвидено е претседтелот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и членовите на делегацијата на Владата на Република Македонија вечерва да присуствуваат на настанот насловен „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци …“, што под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос го организираат амбасадорите на земјите од Западниот Балкан во Брисел.

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 76. седница, на чиј дневен ред се Предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија и Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција.

To top