Спорт

Чурлинов „експлодира“ во Купот на Турција – два гола и асистенција за 61 минута (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец со своите први погодоци за Коџаелиспор во победата од 3:1 над Ерзурумспор

Дарко Чурлинов ги постигна своите први голови за Коџаелиспор во својот најдобар настап сезонава за турскиот фудбалски суперлигаш, придонесувајќи со два погодока и асистенција за триумфот од 3:1 на домашен терен против второлигашот Ерзурумспор во Купот на Турција.

И двата гола македонскиот репрезентативец ги постигна во првото полувреме, погодувајќи прво со глава во 18. минута и потоа во 45. минута, а пред да биде заменет во 61. минута стигна и да асистира за погодокот на Белгиецот Жозеф Нонге.

Головите на 25-годишниот напаѓач на линкот 1 и линкот 2.

 

 

Најнови вести од: Спорт

To top