Македонија

Со автомобил удрил полицаец – ќе лежи една година затвор

Настанот се случил на 21 декември а кавадарчанецот (46) е осуден откако призна дека со својот автомобил удрил во полицаецот кој сакал да го легитимира

 

Како што соопштија од обвинителството, немилиот настан се случил  21 декември по полноќ, кога обвинетиот, управувајќи автомобил „фолксваген“, не застанал на полициски знак и продолжил да вози.

По него била организирана полициска потера од две возила и на една од раскрсниците бил опколен од полицијата, но и тогаш тој не сакал да се предаде. го засилил возилото и удрил директно во полицаецот и во едно од полициските возила и избегал од местото.

Полицаецот бил тешко повреден во стомакот и левата нога.

Полицијата го уапсила на  25 декември. Веќе следниот ден бил изведен пред суд каде што го признал делото, а судот во Кавадарци го прогласи за виновен и му изрече казна затвор од една година.

Најнови вести од: Македонија

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорачаа на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

To top