Македонија

Осумчлено семејство остана без куќа и без целиот род тутун

Поради неисправна инсталација на 16 декември за еден час семејството во пламенот загуби сѐ

На осумчлено семејство од селото Воѓани, општина Кривогаштани, во пожар им изгоре целата куќа и речиси сиот род на тутунот од околу еден тон. Семејството Благадушески во Новата година ќе влезe без покрив над главата и без целиот макотрпен труд со тутунот, објави МИА.

Поради неисправна инсталација на 16 декември за еден час семејството во пламенот загуби сѐ.

Среќа велат, што не биле во куќата. Живеат од ден за ден кај роднините.

Напомош на семејството вчера му дојдоа претставници на Сојузот на земјоделските здруженија.

„ Дојдовме да го посетиме семејството Благадушески, да им дадеме поддршка, и морална, и парична. Како Сојуз издвојуваме пари, од околу 180.000 денари. Ги повикувам сите тутунари, а и откупувачите да помогнат семејството да застане на нозе по оваа трагична ситуација. Изгорени се околу еден тон тутун што е во вредност од околу 10.000 евра. А куќата што изгоре е уште поголема штета. Голема е штетата“ вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

Најнови вести од: Македонија

Хаос во центарот на Скопје: „Сеат“ удри во три паркирани автомобили, контејнери, автомобили во движење и семафор

Вистински хаос се случил во петокот околу 12:30 часот на улицата Григор Прличев во Скопје, кога патничко возило „сеат“ предизвикало серија судири, оштетувајќи повеќе автомобили, контејнери и градска инфраструктура.

ДУИ со реакција за случајот со креветот

Премиерот сe уште нема побарано извинување за неоснованите и навредливи обвинувања што јавно ги упати кон албанските службеници во Министерството за меѓуетнички односи, со што ги навреди не само нив, туку и нивните семејства, велат од ДУИ.

To top