Македонија

(ВИДЕО) Македонски пејач може да биде прогласен за PERSONA NON GRATA во Грција поради ,,Една мисла имаме”

Поради настап во Грција каде биле пеени патриотски македонски песни 0забрана за влез преходно добила Сузана Спасовска

Македонскиот пејач Дамјан Стојановски може да биде прогласен за PERSONA NON GRATA во Грција поради песната ,,Една мисла имаме”.

Објава на социјалните мрежи може да му предизвика сериозни проблеми дури и забрана за влез на синот на легендарниот Војо Стојановски.

Грчките институции водат истрага дали Дамјан Стојановски ги прекршил грчките закони со исполнување на песна која може да биде оценета како закана за територијалниот интегритет на Грција.

Извори меѓу Македонци во Егејска Македонија кои ги познаваат грчките  практики тврдат дека постои можност Стојановски да биде казнет а не исклучуваат тој да добие и забрана за влез како опасност по грчката државна безбедност и јавен ред и мир.

Поради настап во Грција каде биле пеени патриотски македонски песни ваква забрана за влез преходно добила Сузана Спасовска.

 

,,За прв пат меѓу нашите во Егеј ❤️

Една мисла имаме 👌”, е кратката објава на Дамјан Стојановски во која се гледа како стотици Македонци во селото Јаница во Грција играат оро на песната ,,Една мисла имаме”, која го прослави неговиот татко Војо Стојановски.

За Грчките служби проблематичен е делот од песната каде што се пее за ,,Македонија цела да е секој да ја знае”, што според радикални грчки структури во безбедноаниот систем на Грција е територијална претензија и закана за територијалниот интегритет на Грција.

 

Песната ,,Една мисла имаме” е една од македонските патриотски химни уште од првата нејзина изведба пред 3 децении.

Стоховите за песната ги напишал Војо Стојановски за време на турнеја низ Австралија.

Во последните дваесетина години десетици македонски интелектуалци, пејачи, новинари се дел од ,,Црната листа” на Грција поради наводни закани за грчката национална безбедност.

Најнови вести од: Македонија

Во ЕУ расте бројот на лица, што живеат сами! – Во Германија од 41 милион домаќинства дури 42 отсто биле едночлени лани!

Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

Сиљановска-Давкова: Струшките вечери на поезијата веќе 65 години ги поврзуваат светските меридијани, a Струга е најпоетскиот град на планетава

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прогласувајќи ги за отворени 65. Струшки вечери на поезијата.

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија, мислејќи дека така ќе дојдат на власт! Се соочуваме со странско мешање во внатрешните работи на Македонија!

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

Деветнаесетгодишниот Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи. МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка

Најнови вести

To top