Македонија

Само лани до УЈП стигнале 10.000 пресметки за закуп за одмор – бројот на туристи бил над 1,3 милиони?!

Од краткотрајни издавања се заработени 8,6 милиони евра, а платен е данок од 730.000 евра.

Од летово Управата за јавни приходи ги посетува туристичките места низ Македонија и одржува средби со туристичките работници, угостители, издавачи на сместување и други лица што вршат дејности поврзани со туризмот, пренесе СП. Кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ овозможува средби и разговори за практични прашања поврзани со пријавувањето и со оданочувањето на приходите, ангажирањето сезонски работници и со исполнувањето на даночните обврски во туристичкиот сектор. Според УЈП, „навременото исполнување на даночните обврски придонесува за еднакви услови за сите, поголема доверба и фер и конкурентен туристички сектор“.

  • Во текот на 2025 година се поднесени околу 10.000 пресметки за остварен доход од изнајмување недвижен имот за краткорочен престој до 31 ден, во кој е пријавен бруто-доход од околу 530 милиони денари (8,6 милиони евра н.з.) на кој е платен данок од околу 45,3 милиони денари (околу 730.000 евра н.з.), изјавија за „Слободен печат од Управата за јавни приходи.

Податоците од Државниот завод за статистика, пак, покажуваат дека лани сме имале повеќе од 1,3 милиони туристи што оствариле над 3,2 милиони ноќевања. УЈП се обидува со кампањата да го зголеми бројот на пријавите за издавање, а последната кампања ѝ е во Маврово.

  • Доходот од издавање треба да се пријави и соодветно да се оданочи, без оглед на времетраењето на изнајмувањето, начинот на плаќање и тоа дали гостите се домашни или странски. Обврските се однесуваат и на резервациите реализирани преку дигитални платформи како „Букинг“, „Ербиенби“, „Кајак“, „Трип адвајзер“ и други, беше кажано во Маврово, извести УЈП.

Ова кампања е добредојдена затоа што во јавноста има многубројни недоумици при издавањето.

  • Кај доходот остварен од издавање на недвижниот имот за престој пократок од 31 ден во еден месец, во случај кога за закупот закупнината е платена од странство во странска валута (на пр. „Ербиенби“), физичкото лице закуподавач има обврска да достави пресметка е-ПДД, во која ги внесува сите факти битни за оданочување (земја во која е резидент исплатувачот, валута, дата на прилив, износ во странска валута, вид и подвид на доход). Додека за закупнини за престој пократок од 31 ден во еден месец, за кои за закупнината е платено директно од друго физичко лице (домашно или странско), физичкото лице – закуподавачот поднесува пресметка преку електронскиот систем „е-даночни услуги“ во делот „закупнини“. Во пресметката се внесуваат податоци за закуподавачот, за закупецот, имотот, приходите и понатаму потребно е да се прикачи документ-доказ за закупот, на пример потврда за резервација, ни одговорија од УЈП на нашето прашање за процесот на пријавување.

Оттаму велат дека по приемот и обработката на електронската пресметка, службено лице од Управата за јавни приходи преку електронскиот систем „е-Даночни услуги“, ја одобрува пресметката со доделување фолио број и издава рекапитулација за утврдување на аконтација на данокот на доход со статус „одобрена“ и налог за плаќање на данокот на доход. Аконтација на данокот на доход утврден во одобрените пресметки се плаќа најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.

  • Од даночен аспект, од значење е остварувањето на доход по основ на закуп и исполнувањето на законски пропишаните обврски за негово пријавување и оданочување. Законот за данокот на личен доход нема услов доходот од закуп да биде утврден со нотарски заверен договор за да настане даночна обврска. Но, Законот за домување ги уредува закупничките односи и формата на договорот за закуп, каде што тој треба да биде склучен во писмена форма и заверен од нотар, што е важно од аспект на прописите од областа на домувањето, велат од УЈП.

Во практика, граѓаните што издаваат станови за краток престој велат дека имаме несоодветна регулатива и прашуваат како е можно за некој што престојува ден-два, па и нека се 15 дена, да одат и да прават нотарски заверки.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top