Македонија

1700 инспекциски надзори за амбиентален воздух во 2025, утврдени 398 неправилности

Покренати се над 30 прекршочни и четири кривични постапки

До 20 декември 2025 година се реализирани 1700 инспекциски надзори за амбиентален воздух, од кои 839 редовни, 532 вонредни и 329 контролни инспекциски надзори. Утврдени се 398 неправилности и издадени се исто толку решенија во инспекциската постапка. Покренати се над 30 прекршочни и четири кривични постапки, соопшти на денешната прес-конференција во Владата директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска.

Таа информира дека Државниот инспекторат за животна средина работи согласно годишен план за работа одобрен од министетот за животна средина и просторно планирање.

Гиновска соопшти дека од 1 ноември до денеска се спроведени над 55 инспекциски надзори на трериторија  на цела држава  во инсталации каде има влијане врз животната средина преку емисии во воздухот. Издадени се 20 решенија и три забрани за работа.

Во однос на правниот субјект Титан Цементарница Усје, Гиновска информира дека во 2025 година биле извршени шест надзори, од кои два редовни и четири вонредни инспекциски надзори од различни државни инспектори.  Последните вонредни биле извршени на 18 ноември 2025 во 22 часот со инспектор за животна средина од Град Скопје и на 18 декември 2025 со инспектор за животна средина од општина Кисела Вода. Притоа, како што рече, кај сите надзори не се утврдени неправилности во работата на овој правен субјект.

Гиновска потенцира дека надзорите продолжуваат континуирано и на секои 15 дена Државниот инспекторат доставува извештај до работната група која е формирана од Министерството за животна средина и просторно планирање и го следи спроведувањето на Акциксиот план.

Во моментов има околу 120 правни субјекти со активна А-интегрирани дозвола, согласно Регистарот што го води Управата за животна средина, а на територија на Град Скопје се околу 40.

На заедничката прес-конференција, портпаролката на Владата Марија Митева потенцира дека целта  е транспарентно да ја информираат јавноста за тоа како институциите постапуваат и какви мерки се преземаат за унапредуваат за заштита на здравјето на граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Треба да си ептен наивен, за да мислиш дека ќе го смениме Уставот и нема да имаме натамошни пречки на патот кон ЕУ!

Како најмалуброен народ на Балканот треба да бидеме особено рационални и многу внимателно да ја поставуваме нашата стратегија, изјави претеникот Бојан Стојановски на гостувањето во „Колегиум“ на ТВ Алфа.

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош: 25 милиони евра годишно се давале на починати, иселени и фиктивни лица!

Повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност за кои, според премиерот Христијан Мицкоски, било утврдено дека не требало да примаат средства, се откриени во досегашните проверки на системот.

Доцнат вакцините против сезонски грип

Вакцините против сезонски грип се очекува да бидат обезбедени во текот на месецов, а од Министерството за здравство уверуваат дека се преземаат сите потребни активности за вакцинацијата на ранливите категории да започне што е можно поскоро

To top