Македонија

Најчевска ли е, ВМРО-ДПМНЕ ли е (СТАТУС НА ДЕНОТ)

Жестоката критичарка на ВМРО-ДПМНЕ со исти позиции како партијата на Мицкоски

 

 

 

Професорката Мирјана Најчевска е жесток критичар на ВМРО-ДПМНЕ но денеска објавува позиција за проблемот со Бугарија која е идентична со позициите на партијата на Мицкоски.

 

Меѓу другото таа би го судела Бујар Османи за велепредавство би барала извинување и репарации за сторената штета од Бугарија за тоа што го сторила за време на окупацијата во втората светска војна.

Меѓу нејзините барања е и тоа за признавање на македонското малцинство во источниот сосед.

За жал Најчевска не беше вака конкретна  кога владата на СДСМ и ДУИ пред три години го потпишаа Францускиот предлог и ја ставија Македонија во исклучително тешка ситуација.

,,Мислам дека е време да се залечат раните кои ни ги нанесе Бујар Османи.

Прво, мора да биде ставен на расправа во Собрание вториот протокол со Бугарија и да се побараат промени.

Второ, Бујар Османи мора да одговара за велепредавство или во најмала мерка за злоупотреба на службена должност со која нанел трајни и многу тешки штетни последици за државата.

Трето, Македонија треба да почне да поставува барања и услови во насока на доказ за добрите намери на Бугарија и нејзината посветеност на добрососедските односи со Македонија.

Прво треба да се побара извинување од Бугарија за злосторствата направени во текот на окупацијата од страна на фашистичката власт во Бугарија во Втората светска војна.

Второ, треба да побара репарација на штетите кои биле нанесени на Македонија во тој период.

Трето, да се препознаат и заштитат правата на Македонците во Бугарија и да им бидат надоместени сите штети нанесени со непочитување на меѓународните договори ратификувани од страна на Бугарија и посебно спротивни на вредностите на ЕУ”, пишува Најчевска.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

Храната глобално поскапува поради конфликтот на Блискиот Исток

Глобалните цени на храната забележаа раст во март, поттикнати главно од поскапувањето на енергенсите, кое е резултат на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

Во притвор оди битолчанецот (31), уапсен оти од април 2024 до април 2026 набавувал и поседувал материјали со детска порнографија!

Основниот суд Битола го прифати предлогот за притвор за осомничениот битолчанец вработен во образовна установа осомничен за детска порнографија во случајот кој е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, соопштуваат од Јавното обвинителство на Република Македонија. Случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција.

To top