Македонија

Контранапад на Најчевска, го чека Богојески на суд и најавува контратужба

Двајцата ќе одат до крај

По најавата на лидерот на Македонски концепт Петар Богојески дека не го прифаќа извинувањето од професорката Мирјана Најчевска и ќе оди на суд нова епизода во приказната за навредата позната како ,,глуп како точак”.

Најчевска на објавата на Богојески вели дека го чека на суд и истовремено најави дека и таа ќе го тужи за навредите кон неа на Само Вистина.

,,Го чекам Петар Богојески на суд и во секој случај ќе следи противтужба за сите навреди изречени кон мене во емисијата на Канал 5 и во неговата ФБ објава и даден коментар во медиумите за неприфаќање на моето извинување”, порачува Најчевска која повторно го повика Јавното Обвинителство да реагира на ,,ваков случај на флагрантен говор на омраза од страна на професор на Воена академија”.

Предходно Богојески го одби извинувањето на Најчевска:

Како македонското правосудство без нив да нема доволно проблеми

Извинувањето одбиено, Богојески на суд ќе ја превоспитува Најчевска

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Македонија меѓу земјите со најниска цена на струјата во Европа

Македонија со цена на електричната енергија од 11,6 евроценти е во земјите со најниска цена во Европа во првата половина на годинава. Ирска во првата половина на годинава имала највисоки цени на електричната енергија, од 0,39 евра за kWh. Ова го покажуваат податоците на Евростат објавени во серијалот „Statistics Explained“ (Објаснети статистики) посветен на цените […]

To top