Македонија

Сиљановска-Давкова: Божиќ ќе ги зацврсти нашата вера и надеж и ќе нè потсети да чиниме добри дела

По повод големиот христијански празник Божиќ претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до граѓаните, кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, како и до архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан.

Шефицата на македонската држава Сиљановска-Давкова истакнува: Со особена чест и голема почит ви го честитам големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ, денот на раѓањето на Богомладенецот и Спасителот на светот, во кого се сплотија и лицетворија во совршено единство, божествената и човековата природа. Од срце посакувам мирот божји да го завладее секој православен дом, исполнувајќи го со божјите добродетели.

Рождеството Христово, и по повеќе од два милениума, нè вдахновува со неизмерна љубов и бесконечна добрина, хармоничност и мир, потсетувајќи нè на давањето безусловена помош, поткрепа и утеха на сите оние, на кои тие им се потребни. И годинава божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела.

Да му се радуваме на животот и да придонесуваме за доброто на заедницата. Да ги отвориме ширум нашите срца за сите ближни, та, така сплотени во соборноста, да ја создаваме и да ја градиме благосостојбата на македонското општество. Христос се роди!, се вели во честитката на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top