Македонија

Обилни врнежи: Евакуација во Кичево,следи снег

Заклучно со синоќа во 21:00 часот, најкритична состојба е регистрирана во западниот и југозападниот регион, каде се случиле излевања на реки, поплавени домови, земјоделско земјиште и сериозни проблеми во сообраќајот.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) објави детален извештај за штетите предизвикани од обилните врнежи во изминатите 24 часа. Заклучно со синоќа во 21:00 часот, најкритична состојба е регистрирана во западниот и југозападниот регион, каде се случиле излевања на реки, поплавени домови, земјоделско земјиште и сериозни проблеми во сообраќајот.

Кичево –  Најдраматично било во Кичево, каде надлежните служби морале итно да интервенираат. Евакуирани се вкупно 60 лица од нивните домови на улицата „Прилепска“, откако водата навлегла во станбените објекти.

Гостивар и Тетово Во гостиварскиот регион, кај Балин Дол, реката Вардар се излеала од коритото, поплавувајќи 10 земјоделски парцели и неколку дворови. Паднато дрво во коритото на Вардар кај село Форино создало дополнителен ризик од поголема поплава, но екипите навремено интервенирале. Поради високите води, намалено е производството на ХЕЦ Маврово. Во Тетовско, излеаните реки Лакавичка и Сушичка предизвикале штети врз земјоделското земјиште кај селата Мало Турчане и Горно Бањице. Општината немала соодветна механизација за справување со ситуацијата. Сообраќајот е отежнат поради одрони на патните правци Гостивар – Стража и Тетово – Бањиче (кај месноста Цртан ѕид).

Југозапад и Пелагонија Во Битолско, критично е кај селото Лера, каде има поплава кај мостот со опасност од проширување кон селото, а во село Породин настрадала живинарска фарма. Во Охрид и Ресен, водата навлегла во подруми, гаражи и дворови (селата Перово, Дремени, Долна Бела Црква), а интервенирале јавните претпријатија. Одрони се чистеле на патот Охрид – Пештани и Струга – Дебар.

Следи снег и заладување Од ЦУК и УХМР предупредуваат дека опасноста не е помината. Под влијание на циклонска активност и продор на студен воздух, дождот денеска ќе премине во снег на планините и некои пониски места. „Во деновите од викендот, особено во сабота, повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег кои наместа ќе бидат пообилни“, најавуваат метеоролозите.

Граѓаните се повикуваат сите итни случаи да ги пријавуваат на бројот 112.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

To top