Македонија

Само еден од тројца Бугари дава поддршка за Македонија да влезе во ЕУ

Според европратеникот причината за малата поддршка за Македонија не е вина на бугарската туку исклучиво на македонската политика

Само 34,2 проценти од граѓаните на источниот сосед или само еден од тројца Бугари испитаници дава поддршка за Македонија да влезе во ЕУ.

Ова го покажуваат одговорите на прашањето кои кандидати за членство во ЕУ ги поддржуваат Бугарите кои се дадени во рамки на националната репрезентативна анкета на агенцијата „Мјара“.

 

Според европратеникот Кристијан Вигенин резултатите не се само љубопитна статистика, туку основа за анализа, како и насока за донесување одлуки за овие чувствителни прашања.

Според него скромната поддршка за Република Македонија е причина за размислување во Скопје.

Вигенин прашува со оваа политика кон Бугарија и Бугарите, каде ќе заврши нивната земја?

Според анкетата речиси секој втор бугарин или 46,2 проценти од испитаниците не даваат поддршка Македонија да стане членка на ЕУ.

Нешто помалку од 20 проценти или еден од 5 Бугари немаат став за членството на Македонија во ЕУ.

 

Најголема поддршка за влез во ЕУ Бугарите и даваат на Србија, 58,3 посто.

Следуваат Црна Гора и Босна и Херцеговина со 46,7 и 44,2 проценти.

 

Албанија со 36,3 проценти е едно место пред Македонија на листата за поддршка од бугарските граѓани а најмала поддршка за влез во ЕУ има Украина со само 26,2 проценти.

Најнови вести од: Македонија

„Газдарицата“ на „Камените кукли“ С.Д. (41) од Кратово физички нападнала вчера повеќе посетители на јавната археолошка месност!

Од кумановската полиција информираат дека вчера во 19:30 часот полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица, кои биле посетители.

Муцунски: Работиме на трајно решение за деблокада на евроинтеграциите, но не по секоја цена!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски во интервју за Македонската информативна агенција – МИА вели дека се работи на трајно и одржливо решение што ќе го одблокира европскиот пат на Македонија, но не откривајќи повеќе детали.

To top