Македонија

Мисајловски на спомен-обележјето кај Катлановско Блаце: Нивната мисија беше благородна – за мир, стабилност и безбедност

НЕКА ИМ Е ВЕЧНА СЛАВА!

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска беше на спомен-обележјето кај Катлановско Блаце.

Положивме венец со свежо цвеќе во знак на неизмерна почит кон единаесетте македонски припадници на воздухопловниот ВИНГ кои пред 18 години трагично ги загубија своите животи во хеликоптерската несреќа, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина, истакна Мисајловски.

Нивната мисија беше благородна – мисија на мир, стабилност и посветеност кон регионалниот мир, стабилност и безбедност.

Се поклонуваме пред нивната жртва која не е и никогаш нема да биде заборавена. Нивните имиња, нивната мисија и нивното дело остануваат трајно врежани во нашата колективна меморија, во историјата и честа на нашата татковина. Нека им е вечна слава, наведува во објавата Мисајловски 

Најнови вести од: Македонија

Креативност што создава иднина: Разговор со Весна Божиловиќ пред „Креативен ден 2026“ – Битола

Зад секој силен настан стои визија, посветеност и приказна што инспирира. „Креативен ден“ во Битола веќе години наназад ги поврзува младите таленти, модните професионалци и образованието во едно уникатно искуство кое оди многу подалеку од класична модна ревија.

To top