Македонија

Мицкоски: Водици носи силна порака за верата… да се оди по вистинскиот пат

Во овие моменти луѓето се собираат, се поддржуваат и ја споделуваат радоста, покажувајќи дека заедницата е најсилна кога е обединета околу вредности што нè надминуваат сите нас поединечно

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Водици носи силна порака за верата, храброста и за подготвеноста да се оди по исправниот пат, дури и кога тој е тежок.

Богојавление, додава премиерот во честитката, е празник на откровението, прочистувањето и обновата – ден кога водата, како извор на живот, е потсетник на потребата од духовна и морална чистота. Денешниот ден, како што вели, е потсетник и за важноста на заедништвото.

„Во овие моменти луѓето се собираат, се поддржуваат и ја споделуваат радоста, покажувајќи дека заедницата е најсилна кога е обединета околу вредности што нè надминуваат сите нас поединечно. Посебно место имаат младите. Нивната смелост и вера се потсетник дека иднината се гради со карактер, со воспитување и со почит кон традицијата. Наша заедничка обврска е да создадеме средина во која ќе растат со силно чувство на припадност и одговорност кон општеството. Да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро“, напиша премиерот во честитката.

 

Најнови вести од: Македонија

Во струмичка Сушица верниците го бараат со лопати фрлениот крст, кој се изгуби!

Во струмичкото село Сушица, православните христијански верниците денеска со лопати го бараа Чесниот крст, кој најверојатно пропаднал во земјата по традиционалното фрлање во реката.

Напорите на Теодосиј Гологанов како Митрополит Скопски од 19.1.1885 да ја возобнови Охридската архиепископија како Мајка-Црква на Македонците

 На денешен ден, на 19 јануари 1885 година еден од најголемите борци за возобновувањето на укинатата древна Охридска архиепископија Теодосиј Гологанов бил поставен од бугарскиот црковен егзарх како Митрополит Скопски. Со тоа Гологанов конечно добил можност во невозможни услови да работи на својата цел – возобновувањето на Охридската Архиепископија, незаконски укината со указ на турскиот султан на 16 јануари 1767 година, издејствуван од грчките владици од Цариградската патријаршија.

To top