Свет

По разговорот Трамп-Путин, Киев во пламен!

Не постигнав никаков напредок за Украина со Путин. Не сум задоволен од тоа“, призна Трамп

Шестиот Никакков напредок не е постигнат по телефонскиот разговор (шести по ред) меѓу американскиот претседател рускиот колега.

„Не постигнав никаков напредок за Украина со Путин. Не сум задоволен од тоа“, призна Трамп, кој овој пат дури и не објави за разговорот на социјалните мрежи. Сепак, тој не кажа ништо за воведување нови санкции врз Русија.

Според помошникот на претседателот на Руската Федерација Јуриј Ушаков, главната тема на телефонскиот повик меѓу Трамп и Путин била – Украина.

Според Ушаков, Трамп повторно го покрена прашањето за потребата од итно прекинување на непријателствата.

Путин, пак, одговори дека Русија „продолжува да бара договорено решение за конфликтот“, но ќе продолжи да ги следи целите за кои е започната „специјалната воена операција“. Според него, Москва нема да се откаже од овие цели.

Кратко по завршувањето на разговорот, Русија повторно го нападна Киев со беспилотни летала и ракети. Според украинските вооружени сили, врз украинскиот главен град биле испукани 11 ракети – еден Кинжал, шест балистички ракети Искандер и четири крстосувачки ракети.
Само два Искандера биле соборени.

Најмалку 23 лица биле повредени, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко. 14 од нив биле хоспитализирани од лекари, а на двајца им била укажана помош на лице место.

Руската армија, исто така, ја нападна Украина со 539 беспилотни летала, од кои 476 биле соборени или неутрализирани.

Ушаков истакна дека разговорот се одвивал во „отворен, деловен и конкретен тон“. Постигнат е договор за одржување на контакт – секој од претседателите може да иницира нов контакт доколку е потребно.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top