Бизнис

Реакција: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Оваа Групација јавно излезе со заеднички став во однос на предложените новини во Законот во кој ги истакна своите забелешки и барања

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, ја поздрави  иницијативата на Министерството за здравство за модернизација на постојниот Закон за заштита од пушење гледајќи го како нормален чекор кон адаптирање на домашната пазарна реалност, но смета дека вака предложениот нацрт-закон  ќе создаде правна неусогласеност (или ретроградност во усогласување со постојната законска регулатива),  загрозување на индустријата, удар врз малите и средни бизниси, како и поттикнување на  нелегалната трговија.

Оваа Групација јавно излезе со заеднички став во однос на предложените новини во Законот во кој ги истакна своите забелешки и барања, меѓу кои сите засегнати страни да бидат активно вклучени во изработката на законското решение, но и разумен период за имплементација и приспособување кон новите измени. На овој начин ќе се избегнат сериозни нормативно-правни, финансиски и економски последици. Во оваа насока, Групацијата истакнува дека со својата докажана глобална експертиза и научно компаративното искуство може активно и конструктивно да придонесе кон доусогласување на законскиот предлог.

Според Групацијата, нацрт-законот за заштита од пушење е направен според словенечкиот модел, но тој не може да биде применлив во земјава, пред сé бидејќи двете држави се разликуваат по многу параметри: во Македонија  суровиот тутун е стратешка земјоделска култура чие одгледување, производство и откуп се стимулирани од државата, имено во историски најголем обем на откуп и цена. Во земјава активно работат две фабрики за производство на тутунски производи, кои придонесуваат со голем удел во  приходите во државниот буџет, извозниот капацитет и вработуваат неколку стотини македонски граѓани.

Тоа што е заедничко со Словенија е дека и Република Македонија, како земја кандидат во  ЕУ, е под постојан мониторинг и евалуација на позитивното законодавство од страна на телата на ЕУ задолжени за проширување,  кои до сега нотирале позитивен напредок и висок степен на усогласеност со ЕУ директивите. Еден таков закон е Законот за тутун, тутунски и сродни производи.

Од Групацијата за производство на цигари нагласуваат дека постојното законско решение во однос на заштитата од пушење е креирано во време кога на домашниот пазар беа присутни само цигарите и во мал дел другите согорливи тутунски производи. Во меѓувреме, индустријата еволуира и се трансформира, вложувајќи огромни инвестиции во нови технологии, иновации и истражувања, поради што има потреба од проширување на законското решение во кое ќе се вклучат сите нови категории на производи, применети најдобрите европски и светски пракси и во кое ќе се применат најсоодветните решенија за намалување на штетноста од тутунскиот чад.

Еден од најголемите недостатоци со предложување на комплетно нов текст на Законот за заштита од пушење е нормативно-правната неусогласеност со позитивните  закони и прописи кои ја регулираат оваа проблематика, особено со Законот за тутун, тутунски и сродни производи. Новиот нацрт-закон содржи многу недоследности во клучните дефиниции, со што прави правна забуна во многу области, наспроти желбата да се осврне на јавно-здравствениот момент. Оваа неусогласеност особено е изразена во изедначувањето на цигарите и алтернативните тутунски производи, кои во новиот нацрт-закон се ставаат во една иста категорија, што е апсолутно неточно бидејќи овие категории веќе се посебно дефинирани во постојниот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи. Изедначувањето на сите категории производи и особенo, внесувањето новокреирани нејасни термини, претставува назадување на постојната воспоставена регулаторна рамка.

– Во контекст на споменатото е занемарувањето на бројни светски, регионални и локални истражувања кои докажале дека има значителна разлика меѓу цигарите и производите без чад  – објаснуваат од Групацијата.

Вториот значаен аспект на предложеното законско решение е сериозното негативно влијание врз целокупната економија во земјата, малите и средните претпријатија, но и врз приливите во државниот буџет. Дополнително, се очекува забраните на домашниот пазар да ја поттикнат нелегалната трговија на тутунски производи во земјава, што исто така негативно ќе влијае врз државниот буџет. Групацијата истакнува дека нацрт-законот ќе доведе до сигурно намалување на работните места во тутунската индустрија и угостителскиот сектор, како и тежок удар врз малопродажниот трговски сектор, кој се очекува да ја загрози егзистенцијата на повеќе од 4.000 малопродажни места во државата, од кои голем дел се мали и семејни бизниси, без притоа да понуди модел решение  и транзиционен период за прилагодување на тековната работа и залихи во сите канали.

– Забраната би предизвикала сериозни финансиски последици врз малите семејни бизниси (тобака, мини маркети), намалена продажба, но и поттикнување нелегална трговија. Дополнително, забраната би предизвикала спротивен ефект од она што ние со години се обидуваме да го постигнеме – контролирана комуникација и обучен вработен кадар кој се грижи информацијата да стигне само до полнолетните корисници. Слично е и со забраната на производи со ароми и вкусови, која, како и кај другите забрани, нема да доведе до намалување на бројот на пушачи, туку само до намалување на приходите и поттикнување нелегална трговија, што се покажа во повеќето земји во кои се забранети аромите и вкусовите, како што е и Словенија – велат од Групацијата.

Третиот голем недостаток на нацрт-законот е што не нуди решенија и прецизирање наспроти многубројните новововедени забрани за тоа како да се имплементираат предложените мерки во пракса, што остава простор за сериозни недоречености и несигурност при примената на законот. Во овој контекст, недоволно прецизно и јасно се дефинирани и локациите на кои е забрането и тие на кои е дозволено пушењето и користењето алтернативни тутунски производи, што ќе овозможи различни толкувања од страна на бројните инспекциски служби и реален проблем при спроведување на прописот.

Групацијата истакнува дека е неопходна темелна доработка и усогласување на нацрт-законот со македонската економска реалност и со принципите за намалување на штетноста, односно потребно е Законот да се донесе по сериозни и сеопфатни консултации со сите засегнати страни, што ќе овозможи заштита на јавното здравје

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Семејниот бизнис се гради со визија, преземање ризици и со инвестиции, сметаат бизнисмените

Со повеќе од 15 години искуство во металното производство и фабрикација, Зоран Илиевски, главен оперативен директор и менаџер за развој на бизнисот „Актива“ ДОО Штип, зборува за развојот на семејниот бизнис, неговата трансформација во извозно ориентирана компанија и за клучните фактори за одржлив развој, поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески. Неговата компанија во Штип е основана […]

Зошто легалните македонски превозници се третираат како криминалци од челниците на Европската Унијата?!

Превозниците по кој знае кој пат пратиле писмо до Европската унија, со кое бараат иземање од новите правила за професоналните возачи. Но одговор се уште не добиле. Затоа, тие в понеделник ќе ги блокираат 9-те гранични премини кон Бугарија, Грција, Албанија и Косово. Точно на пладне, заедно со колегите од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе ги паркираат камионите на транспортните терминали на границите, најавувајќи целосна блокада на товарниот сообраќај кон Европската Унија.

ТИТАН Усје: Неоснованите напади само кон една компанија се неразбирливи – фабриката не работи, а загадувањето е високо

Овие напади не само што се тенденциозни, бидејќи не се засновани на факти, туку на произволни толкувања, тие истовремено отвораат и дилема, од кои причини и мотиви неосновано „прстот“ се посочува само кон една компанија

ССМ реши: Излегуваат на протести за повисоки плати

Битката за повисоки плати. ССМ ги повика работниците масовно да излезат на протести. Бараат минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати. Велат мизерно е функционерските плати од февруари да се зголемат за 10 проценти или од 200 до 300 евра, а работниците од март да добијат 25 евра колку што е законското усогласување, во услови кога македонските плати се на дното во регионот и Европа.

Најнови вести

To top