Македонија

Бреинстер извезува македонски образовен модел во ЕУ

Наместо „brain drain“ – „brain export“. Додека државните универзитети во Македонија веќе не се ни во топ 2000 на Шангајската листа, а земјата со години се соочува со масовен одлив на млади и талентирани кадри, ние во Бреинстер (Brainster) направивме историски чекор – наместо да извезуваме луѓе, сега извезуваме знаење, методологија и образовна иновација. А луѓето […]

Наместо „brain drain“ – „brain export“. Додека државните универзитети во Македонија веќе не се ни во топ 2000 на Шангајската листа, а земјата со години се соочува со масовен одлив на млади и талентирани кадри, ние во Бреинстер (Brainster) направивме историски чекор – наместо да извезуваме луѓе, сега извезуваме знаење, методологија и образовна иновација. А луѓето ги задржуваме – со понуда на современи програми, практична настава и сигурна патека до вработување, изјави Петар Ниновски, основач и извршен директор на Бреинстер групацијата.

Во време кога многу македонски студенти своето академско образование го продолжуваат токму во Словенија – Бреинстер извезува македонски образовен концепт токму во Словенија, преку стратешко партнерство со реномирани образовни институции.

„Со гордост објавуваме дека NU High School Academy – нашата практична академија за талентирани средношколци – отсега е присутна и во Европската Унија, бидејќи потпишавме стратешко партнерство со Erudio Education Group, словенечка образовна групација основана во 1993 година, која има цел да воведе иновативни методи на учење и поддршка за студентите пред се преку практично, персонализирано и модерно образование, како и со FirstClass, компанија специјализирана за пронаоѓање и селекција на стручни и водечки кадри, како и развојни и HR консултантски услуги. Квалитетот на програмите во рамки на Brainster групацијата беше препознат токму од нив“, вели Ниновски.

„Erudio, реномирана образовна институција од Словенија, и FirstClass, водечка словенечка компанија посветена на младите таленти преку својот BusinessClass програм, со гордост го објавуваат новото стратешко партнерство. Преку NU High School Academy програмите, целиме да им овозможиме на младите амбициозни и талентирани личности практични знаења и суштински вештини кои ќе ги поддржат во личниот развој и ќе им помогнат со самодоверба да зачекорат кон успешна кариера“, велат во заедничка изјава од Erudio и FirstClass.

Оваа франшиза наскоро ќе биде понудена и во уште неколку европски земји меѓу кои и Хрватска. А дома ќе продолжиме да нудиме концепт кој е баран во земјите на ЕУ, вели Ниновски.

NU High School Academy е нова програма на Бреинстер наменета за талентирани средношколци од 15 до 18 години, која сега станува првиот македонски образовен концепт што се извезува во Европската Унија.

Овој модел вклучува: менторирање од практичари, учење преку реални проекти и тимска работа, развој на дигитални и „меки“ вештини, фокус на личен развој, самодоверба и кариера.

„Со години Македонија извезува обучени луѓе кои се вработуваат и создаваат вредност надвор. Ние го менуваме наративот – извезуваме концепт, методологија и вредност, а младите ги задржуваме тука, нудејќи им реална перспектива, современ систем и средина што ги препознава и поттикнува нивните потенцијали. И што е најважно, се грижи за иднината на младите, нудејќи им практични вештини и знаења преку работа на реални проекти. Таков е примерот со Brainster Next колеџот – првиот практичен колеџ за дизајн и софтверско инженерство во Македонија каде што теоријата и праксата се споени во секој предмет“, вели Ниновски.

Концептот кој го препознаваат образовните институции во Европската Унија – регион во кој како држава тежнееме да достигнеме стандарди – е истиот концепт кој го препознаваат и младите овде. Тие сè почесто сфаќаат дека не мора да заминат за да стекнат врвни вештини, силен личен развој и професионална иднина.

„Со ова партнерство испраќаме силна порака: Македонија не мора да биде извор само на работна сила – може да биде извор на квалитетни образовни решенија што се применливи и во Европската Унија и пошироко. А работната сила и кадрите на иднината од Македонија има каде својата стручност да ја стекнат дома – по највисоките ЕУ стандарди. Ова, всушност, е и визијата на Brainster групацијата: да создадеме генерации на талентирани, мотивирани и вешти млади луѓе, а Македонија да стане синоним за квалитетно и современо образование“, вели Петар Ниновски, основач и извршен директор на  Бреинстер групацијата.

Тој најавува дека оваа соработка е само почеток и дека наскоро може да се очекува проширување на програмите на Brainster и во други европски земји.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Пожар зафати викендички кај Штип, повреден е еден од газдите

Голем пожар одново се прошири кај Штип, а на социјалните мрежи се објавени очајнички повици за помош. Пожарникарите спасуваат луѓе кои се нашле во лозја, а зафатени се повеќе објекти, меѓу кои и неколку куќи, а досега е повреден најмалку еден човек.

Државата остана без 9,5 милиони евра од ИПА фодновите

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против странски државјанин и правно лице поради сомнежи за злоупотреби при реализација на проект за канализациска мрежа во Кичево. Поради раскинувањето на договорот, државата останала без 9,47 милиони евра од ИПА-фондовите.

Иловица е една од најголемите потенцијални рударски инвестиции

Интересот од странски инвеститори постои и е континуиран, што се потврдува преку бројните геолошки истражувања и концесии доделени во изминатите години, но јавноста често е поделена поради еколошките ризици и потребата од строги стандарди за заштита на животната средина. Начевски заклучува дека Македонија може да стане регионален снабдувач на одредени суровини и да ја засили својата улога во европските синџири на снабдување.

Дури 235 луѓе истовремено земале и социјална помош и пензија

Неосновано исплатени 236 илјади евра за социјална помош, утврдил Државниот завод за ревизија во најновиот извештај. Станува збор за периодот од 2022 година до јуни 2025 година. Поради слабости во системските контроли, само за 2024 ревизорите утврдиле 235 корисници кои истовремено земале и социјална помош и пензија. Ревизорите предупредуваат дека ваквите состојби се ризик од нерационално трошење на јавните пари, оти ја намалуваат ефикасноста на системот за социјална заштита. Ревизорите посочуваат и на недоволна контрола од центрите за социјална работа, нецелосна документација, доцнење во постапките, како и неефикасно следење на враќањето на неосновано исплатените средства.

To top