Македонија

Најчевска: Ако не се изгласа „Бугари во Устав“, Протоколот со Бугарија станува ништовен

Доколку не се изгласа со потребното мнозинство, ќе се донесе акт со кој ќе се прогласи за ништовен Протоколот со Бугарија и делот од преговарачката рамка во кој се бара внесување на Бугарите во Уставот

Професорката Мирјана Најчевска смета дека постои решение за проблемот во кој се наоѓа Македонија на европскиот пат заради ветото и условувањата на Бугарија.

„Веќе неколку пати повторив дека постои излез од ситуацијата во која не доведе Бугарија, потпомогната од Бујар Османи и формулирана од страна на еден од големите непријатели на Македонија – Макрон.

Треба да се стави на дневен ред во Собранието точка за менување на Уставот на Македонија и пратениците треба да гласаат за внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот.

Доколку ова не се изгласа со потребното мнозинство, ќе се донесе акт со кој ќе се прогласи за ништовен Протоколот со Бугарија и делот од преговарачката рамка во кој се бара внесување на Бугарите во Уставот.

Имено поставениот услов станува невозможен и тоа го прави овој договор ништовен“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава

На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски

Медицинскиот тим се поклони кон починатиот органодарител

Со длабока почит кон починатиот органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицинскиот тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага

За пет месеци регистрирани над 100.000 прекршоци

Сообраќајните експерти велат дека за поголем сообраќаен ред не можеме да се потпреме само на системот „Безбеден град“. Недостасува полициско присуство на патиштата и потребни се повеќе инвестиции во сообраќајната инфраструктура

To top