Македонија

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизирам заедно нив

Вицепремиер и министер за транспорт

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во Тема на денот на телевизија Сител, се осврна на темата за блокадите од страна на транспортерите кои беа актуелни изминативе денови, за што истакна дека е задоволен од тоа што ЕУ ја забрза постапката и го објави документот порано од планираното. Тој додаде дека по состанокот во Брисел ќе следи заедничка средба за разгледување на предлозите, и целта е да се понудат најдобрите решенија за транспортерите, кои се клучен двигател на македонската економија.

,,Се работи за документ од 19 страни, којшто целосно ги опфаќа новите правила на Шенген зоната и таму има еден клучен збор, баш во овој дел којшто го издвоив на мојата објава, каде што возачите на камиони односно транспортерите се прифаќаат како професионалци, со останатите категории коишто се наведени тука, како сппортисти уметнции итн, Што е првпат да ЕУ на тој начин го реши проблемот. Во суштина тоа беше и еден од начините да се излезе од проблемот, затоа што транспортерите кога ги почнаа протестите бараа да се почне дијалог со којшто ќе се реши проблемот, се понудија 3 решенија и ова е едно од трите решенија“, рече Николоски.

Тој додаде дека во вторник ќе се одржи состанок кој, како што вели, една година не беше закажуван, а првично бил договорен за 6 февруари, но вчера терминот бил поместен за во вторник.

,,Сакам да им честитам на сите оние храбри луѓе кои што излегоа на протестите овие денови, кои што покажаа дека проблемот е навистина сериозен. Да честитам на одлучноста, на храброста, јас ја имав честа и да ги посетам и да ги поддржам. Излегов заедно со нив, и мислам дека покажаа дека навистина е голем проблемот и дека мора сериозно да му се пристапи, и тоа што беа единствени и истрајни никој не успеа да ги скрши, даде резултат“, вели Николоски.

Тој истакна дека самиот дал целосна поддршка, но дадоа и премиерот, и Владата, со цел решавање на проблемот. Николоски истакна дека процесот се води во целосна координација со превозниците.

,,Во целосна координација со превозниците. Денеска имав средба со претседателката и потпретседателката на најголемото здружение на превозници, на Макамтранс, се договоривме во вторник, по завршувањето на состанокот со Брисел, да повторно се сретнеме и да заеднички ги разгледаме предлозите кои што ќе дојдат од таму, и мојот одговор ќе го работам заедно со нив, односно во координација со нив“, истакна Николоски и додаде:

,,Сакам да понудам најдобри можни решенија кои што ќе одговараат на нашите транспортери.  Тие се едни од основните двигатели на македонската економија, цели градови во Македонија живеат од транспортот. Мора да даваме целосна поддршка на овој сектор“.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

To top