Македонија

Екс македонска амбасадорка во Берлин за ЕУ во 2 брзини: ,,Северњаци” во беззначајна, темна и магловита европска орбита..

Кон која ЕУ се стреми Македонија, на која и го сменија идентитетот токму за таа цел

Поранешната македонска амбасадорка во Берлин Корнелија Утевска Глигоровска со анализа и став за најновиот германски предлог за ЕУ во две брзини.

Екс амбасадорката реторички прашува дали вреди Македонците со сменет идентитет односно кало ,,Северњаци” да влезат во ЕУ со забавена брзина која таа ја нарекува ,,беззначајна, темна и магловита европска орбита…”.

,,”Европа со две брзини” – ова е најновиот предлог за трансформација на ЕУ од пред неколку дена. Сега како автор се потпишува Ларс Клингбајл, потпретседал на владата, министер за финансии и лидер на Социјал-демократската партија, помалиот коалиционен партнер во германската влада. Точно 26 години од првиот, изнесен од Јошка Фишер, тогашниот министер за надворешни работи на Германија во владата на Герхард Шредер (СПД) во неговиот познат говор на Универзитетот Хумболд во Берлин во 2000 година”, вели Утевска Глигоровска која потсетува дека предлогот тогаш наиде на критика, предизвика дискусии и не беше прифатен.

Амбасадорката вели дека Клингбајл сега само го извадил стариот предлог од фиока и сега (како и оној тогаш) се предвидува формирање на јадро од 6 европски земји – Е6, кои побрзо ќе донесуваат одлуки и ќе бидат поединствени.

,,Составот на Е6 (Германија, Франција, Полска, Холандија, Шпанија и Италија) овојпат е малку поразличен, прилагоден на потребите на денешницава, но супата е одамна зготвена, сега само стоплена”, смета амбасадорката според која Европската унија е во тешка ситуација, за која самата е виновна.

,,Паниката во ЕУ е голема, причините се многубројни. ЕУ го губи економското и политичкото значење, земјите се “гушат” во проблемите со мигрантите кои донесоа зголемување на криминалот (кражби, убиства, силувања – дневно во Германија се случуваат по две групни силувања, да не зборуваме за поединечни, приближно 100% извршени од странци) тромоста во донесување на ЕУ-одлуките е голема, демократијата и слободата на говор се повеќе се ограничува, постои неверојатна заслепеност во поддршката на Украина и санкциите кон Русија… безброј проблеми, различни мислења и ставови меѓу земјите-членки, малку мудри одлуки. Брисел самодоволно се одлепува од реалноста. Европската унија самата се поткопува”, вели Утевска Глигоровска која поставува прашање дали во ситуација на безизлезност, се бара нов квалитет, нов начин на функционирање и дали времето созреа за вакви драстични промени.

,,Кон која ЕУ се стреми Македонија, на која и го сменија идентитетот токму за таа цел? Како северњаци ќе можеме да станеме (ако воопшто) дел од некоја си беззначајна, темна и магловита европска орбита… и ништо повеќе. Вреди ли???”, реторички прашува амбасадорката која одлично ја познава соатојбата во Германија и ЕУ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Имаме трипати повеќе резултати од претходната влада, но подготвени сме за предвремени избори, ако мисли опозицијата дека се потребни!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека граѓаните во моментов не бараат предвремени парламентарни избори, туку очекуваат продолжување на реформите и на процесите што ги спроведува актуелната Влада.

Муцунски: Заштита на македонските национални интереси и на Македонците и другите граѓани вон границите, но и економската дипломатија – наши стратегиски приоритети

Пред одржувањето на Амбасадорскиот совет, на кој треба да се обрати и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во изјава за медиумите истакна дека целта во рамките на оваа средба со премиерот е нашите амбасадори и генерални конзули изворно да слушнат кои се приоритетите за следната година и да добијат насоки за постапување во врска со нашите клучни стратегиски национални интереси.

За пет месеци од патарина инкасирани над 31 милион евра

Според собраните средства и цената на билетите највисоки приходи има на Романовце, по што следуваат Миладиновци, Петровец, Глумово, Желино, Тетово, Стоби, Преод, Гостивар, Сопот, Гевгелија, Кадрифаково, Отовица, Демир Капија

Мицкоски: Треба неколку пати да се размисли пред да се направи каков било чекор во врска со евроинтеграциите

Се сеќавам на таа 2018 година кога насила се туркаше промената на уставното име и многумина од европските дипломати нè убедуваа дека прозорецот е отворен, дека сега е моментот – а сега сме на истото место каде што бевме пред 2021 година, вели премиерот

To top