Македонија

Синот на Бучковски предлага младите да вратат со непочитување на институциите ако тие не ги почитуваат

Синот на екс премиерот и преговарач со Бугарија предлага кога младите да се кренат против владата

Според синот на екс премиерот Владо Бучковски, Виктор Бучковски, доколку институциите покажуваат непочитување кон младите, тогаш и младите треба да возвратат со непочитување кон институциите.

Виктор Бучковски кој сега е координатор на ММ Центарот за поддршка и советување на момчиња и мажи смета дека младите за политичарите се само украс за фотографирање, а први на удар при кратење на буџетот.

Политичарите, без разлика на кој естаблишмент му припаѓаат, генерално не ги почитуваат младите и ги доживуваат само како „украс“ или „инвентар“ во нивните политики, се наведува во изјавата од Бучковски.

Според неговото искуство институциите ги сфаќаат младите како релевантен фактор единствено во моментите кога се загрижени за сопствената стабилност. Наместо суштинска поддршка, младите најчесто служат само како индикатор за некаков успех или за да бидат поставени на заедничка фотографија за време на големи настани.
„Секогаш кога има ребаланс на буџетот, прво она што се крати е студентскиот стандард или одредени прашања коишто ги поврзуваат младите, бидејќи има едно чувство дека младите на крајот од денот ќе се снајдат“, се посочува во изјавата.
На крајот се заклучува дека иако младите навистина успеваат да се снајдат, проблемот е во тоа што голем дел од нив не се снаоѓаат тука, туку решението го наоѓаат во заминување од државата и градење иднина во други земји.

Бучковски работи за ММ Центарот за поддршка и советување на момчиња и мажи е сервис на невладината организација ХЕРА кој нуди бесплатни и доверливи психолошки советувања за мажи и момчиња.
Невладината ирганизација Хера ја раководи Мила Царовска екс министер за Труд и Социјала во владите на Зоран Заев.
Синот на експремиерот Владо Бучковски минатата година го затвори протест за Кочани што се случи на плоштадот Македонија. Според видео од настанот синот на Владо Бучковски преку мегафон означи крај на вечерашниот протест кој во Скопје собра неколку илјади граѓани.

Појавата на Бучковски на протестот директно го урна наративот на непартиска граѓанска иницијатива која наводно се бори за промена на системот.

Сега тој дава легитимитет да не се почитуваат институциите ако некој мисли дека институциите не ги почитуваат грашѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Кој ќе биде најдобар во Македонија? Дваесет средношколски бизнис-идеи во трка за еден милион денари

Дваесетте најдобри средношколски бизнис-идеи денеска ќе бидат презентирани пред стручно жири во големото финале на натпреварот за најдобра бизнис-идеја, во организација на Brainster Next College и NU High School Academy, со поддршка на Министерството за образование и наука.

To top