Македонија

Д-р Дума: Испраќањето мозоци не беше за профит, туку за научна соработка

Во проектот учествувале поранешниот директор на Институтот за судска медицина Алексеј Дума и д-р Горазд Росоклија, лекар со потекло од Македонија кој работи на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тоа ни овозможи размена на искуства со САД, вели д-р Дума

Соработката на Универзитетот во Колумбија и Македонија, која се спомнува во досиејата на Епштајн, како пример во кој македонската страна испраќала до САД мозоци на починати лица за да послужат во научно-истражувачки цели, бил проект во кој учествувале поранешниот директор на Институтот за судска медицина Алексеј Дума и д-р Горазд Росоклија, лекар со потекло од Македонија кој работи на Универзитетот Колумбија во Њујорк, објавија повеќе медиуми врз основа на архивски материјали на Медицинскиот факултет.

Поранешниот директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, Алексеј Дума, во изјава за „360 степени“ потврди дека станува збор за проект што се реализирал во периодот меѓу 1990 и 2000 година.

– Не стануваше збор за никаков профит зашто мозокот не може да оди на црниот пазар. Мозок не може да се продаде и не може да се трансплантира. Кога прифативме, согласност даде и етичкиот комитет на Медицинскиот факултет. Согласноста беше да се продолжи по правилата, без никаков профит и во сето тоа никој од надвор не беше вклучен. Има точни правила, кога ќе се извади мозокот, за колку секунди треба да постигне температура од минус 80 степени и да стигне во лабораторија. Бенефитот наш беше што испративме многу млади (во САД) да ја продолжат својата работа и да стекнат нови знаења – вели Дума.

Инаку, Македонија се најде во документите што американското Министерство за правда ги објави јавно, а се однесуваат на починатиот милијардер осуден за трговија со бело робје, педофилија и силување, Џефри Епстин. Станува збор за електронска порака испратена до Ике Гроф, основач на инвестициската компанија „Турмалин партнерс“ во која се пренесува новинарско истражување на „Блумберг бизнисвик“ од новинарите Синтија Кунс и Роберт Лагрет. Во истражувањето, чија тема е влијанието на локот кетонал, се зборува за направени истражувања врз човечки мозоци, и за таа цел била направена колекција од околу 1.000 мозоци. Дел од нив биле набавени од „малата балканска земја Македонија“, со помош на лекар кој работи на универзитетот Колумбија, а е од македонско потекло. Потоа се опишува како одела постапката на складирање и транспорт на мозоците.

„Плус инфо“

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top