Свет

Каја Калас: Не може во исто време и НАТО и европска армија

Прашањето за армија на ЕУ повторно се актуелизира поради тензиите во НАТО околу заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на Гренланд

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, остро ги отфрли повиците за паневропска армија, предупредувајќи дека тоа би можело да биде „исклучително опасно“.

Прашањето за армија на ЕУ повторно се актуелизира поради тензиите во НАТО околу заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на Гренланд.

„Оние кои велат дека ни е потребна европска армија веројатно се луѓе кои навистина не размислувале за тоа во практична смисла“, изјави Калас на безбедносна конференција во Норвешка. „Ако веќе сте дел од НАТО, тогаш не можете да имате посебна армија“.

Калас рече дека најважниот воен адут во криза „е синџирот на команда – кој на кого му дава наредби“. Таа додаде:

„И ако имате европска армија, а потоа го имате НАТО, тогаш, знаете, само паѓате помеѓу две столчиња. И тоа е исклучително, исклучително опасно“.

На истата конференција, норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, исто така, ги отфрли повиците за панеевропска армија, велејќи дека „ова е пат што не треба да го следиме“. Норвешка не е членка на ЕУ.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, минатата недела изјави дека Европа не е способна да се одбрани без американска воена поддршка и дека ќе треба да ги зголеми своите тековни воени трошоци повеќе од двојно за да го стори тоа.

„Ако некој овде мисли… дека ЕУ или Европа како целина може да се одбрани без САД, нека продолжи да сонува. Не може“, им рече Руте на европратениците во Брисел. Европа и САД „се имаат потреба едни од други“, рече тој.

Најнови вести од: Свет

Итни протоколи активирани на Меѓународната вселенска станица: Екипажот се подготвува за можна евакуација

Според податоците, проблемот со микропукнатините е присутен уште од 2019 година, но во последниот период е забележано значително зголемување на истекувањето, со губиток од околу еден килограм воздух дневно.

Отстрането палестинското знаме од владината зграда во Љубљана

Палестинското знаме беше симболично кренато на зградата на словенечката влада кон крајот на мај 2024 година, кога тогашната влада му предложи на парламентот признавање на Палестина како независна и суверена држава. Парламентот ја потврди оваа одлука на 4 јуни 2024 година

To top