Македонија

„И Европската Унија не е невина во она што се случува со нас“, вели Сиљановска-Давкова

Европеизацијата не е статус, туку процес што се темели на реформи, а Македонија со години ја губи суштината фокусирајќи се на формални уставни измени наместо на Копенхашките критериуми и владеењето на правото, вели претседателката на Македонија во интервју за МКД.Мк

„Уставните промени сами по себе не се гаранција за напредок, што го покажува фактот дека и по многубројните измени, државата остана надвор од Европската Унија. Дел од одговорноста сноси и ЕУ, која кон Западен Балкан често настапувала недоследно и со менување на сопствените принципи. Во еден глобално нестабилен свет, надворешната политика мора да биде реалистична и повеќеслојна, при што европската интеграција останува најрационалната стратегиска опција за малите држави“, вели претседателката на Македонија.

На прашањето на МКД.Мк како да се бориме со политизацијата на прашањето на евроинтеграциите на Западен Балкан која станува сѐ поочигледна, наспроти принципите и исполнувањето на пропишаните услови, претседателката на Македонија со одговор:

„ Така што ќе направиме нешто што одамна требаше да го направиме – да се апстрахираме од статусот „членство“. Да се апстрахираме од измислениот пат кон Брисел и да се фокусираме на суштината – европеизација, да се самоевропеизираме. Не како политичка цел, туку како темелна претпоставка за ЕУ како еден демократски политички систем, суи генерис политички ентитет. Основна предност на тој ентитет е што може да извезува демократија, модел на демократски политички систем.

Ако ги следите анкетите, ќе видите дека граѓаните на земјите членки на ЕУ со години имаат поголема доверба во функционирањето на Унијата отколку во своите национални политички системи. Тоа значи дека ние можеме и треба да се приближуваме до европските принципи и вредности преку Копенхашките критериуми и преку реформи да се приближуваме до европските принципи и вредности – независно од тоа кој е на власт во Брисел.

Затоа што политичките гарнитури во Европската Унија се менуваат, заминуваат. А што останува? Остануваат конститутивните акти на Европската Унија: Договорот за ЕУ, односно Лисабонскиот договор, понатаму Повелбата за фундаменталните права и практиката на Судот во Луксембург. Тоа се изворите на уставното право на ЕУ. И секогаш државите членки, и секогаш органите на ЕУ, дали е тоа Парламентот, дали е Комисијата, дали е Европскиот совет, дали е Советот, дали е Судот — се водат од овие принципи.

Во одговор на прашањето зошто патот на Македонија кон ЕУ наместо да се скратува, се одолжува, Сиљановска Давкова вели:

„Делумно поради недостигот од демократска традиција, но и поради долгата демократска консолидација. Тоа е едната причина. А другата причина е поради постојаното „туркање“ не во европски реформи, туку во решавање замислени или измислени, или национални, или, ако сакате, националистички проблеми и прашања. Ја фокусиравме и ја губевме енергијата менувајќи го Уставот, по не знам кој пат, 36 пати сме го смениле Уставот. Замислете, а САД 27 пати, па функционираат. Имаат слични проблеми како и секоја држава, мала или голема. Уставот се менува по барање на граѓаните или по иницијатива на уставно овластените органи.

А сега, ајде да се споредиме ние. Значи, затоа нашиот пат, наместо да се скратува, се одолжуваше. По толку години, зар има некој кому не му е јасно дека уставните измени не се гаранција за реформи? Доколку навистина беа фактор на реформирање, односно на европеизирање, одамна ќе бевме во ЕУ. Но не е така. Дури и по оној фамозен референдум со фамозното прашање дали сте за членство во ЕУ и НАТО — значи прво ЕУ, па потоа НАТО — и покрај неуспешниот референдум дојде до промена на Уставот, но ние сè уште не сме во ЕУ. Затоа јас го споредив тоа со маратон со пречки и затоа го нареков „чекање на господинот Годо“, бидејќи секое барање како да стимулира ново барање, а ние стоиме во место. Реформите се клучни за нашето напредување“.

Во продолжение на интервјуто претседателката вели дека „ И Европската Унија не е невина во она што се случува со нас“.

Во однос на Западен Балкан – вели Сиљановска Давкова – често доцнеше, не се држеше доследно до сопствените принципи и вредности и ги менуваше. Тоа го видовме уште од распадот на Југославија. Секогаш доцнеше, Така дури дојде и до војна. Нерешените прашања честопати резултираа со интервенција на САД, по логиката „земи или остави“. Така нерешените работи одеа во прилог на активирањето на САД. Резултатот го гледаме денеска.

Реформите се клучни за нашето напредување. Никој не нè попречува. Напротив. Особено со Планот за раст. И реформската агенда нуди можности да имаме пристап и до средства, но исто така и да правиме чекори напред. Тоа особено треба да биде важно за ЕУ, бидејќи, повторно кажувам, ЕУ не е невина во она што се случува со нас, не е невина во однос на Западен Балкан.

Никој не очекуваше дека ќе дојде до ова до што дојде. До супермоќ. Малите и средните држави преку Обединетите нации, кои беа создадени за никогаш да не се случи повеќе војна, треба да се бранат и да се гради мултилатерализмот. А мултилатерализмот значи активност и почитување и на малите и на средните држави. Но денеска ОН станаа маргинализирана институција што потсетува на Лигата на народите. И самите ОН имаат голема вина за тоа. Самите дозволуваат да се прекршува Повелбата на ОН, и на нашиот пример, но и на други примери. Никој не може да ги одбрани од состојбата во која се наоѓаат, а најпотребни се. Бидејќи светот во 21 век, што е срамно за човештвото, е соочен со конфликти и со војна“ вели претседателкта ана Македоија.

ПОВЕЌЕ на ЛИНКОТ

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Доста е со дивеење на нерегистрирани „возила“

Групи граѓани од ромска националност вчера протестираа со палење гуми, отпад и дрва. Тие блокираа повеќе патишта низ земјата заканувајќи се дека ќе има тепачки и убиства бидејќи полицијата им ги одзема возилата поради тоа што возат без положен возачки испит

“Самсунг“(Samsung) ги поврзува спортистите и фановите со моментите од Милано Кортина 2026 преку мобилна иновација

Од овозможување на динамични перспективи на церемонијата за отворање на игрите до поддршка на оперативниот дел за време на активностите, “Samsung“ помага за Светските Олимписки и Параолимписки Игри носејќи ги спортистите, фановите и заедниците поблиску до игрите

Од говор на омраза до истрага: Обвинителството ќе постапува за заканите по видео-то за Амбасадата на Бугарија

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното обвинителство на Република Македонија, оформи предмет по допрен глас за утврдување на идентитетот и испитување на кривична одговорност кај повеќе лица кои преку коментари на социјалната мрежа Фејсбук упатиле сериозни закани кон новинарот и уредник во Канал 5 Телевизија – Александар Видиновски.

АВМУ со реакција за заканите кон новинарот Александар Видиновски

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост за нападите, омаловажувањата и смртните закани упатени кон новинарот на Канал 5 Телевизија, Александар Видиновски, по неговата објава на социјалните мрежи во врска со непрописно паркирани возила на тротоарот пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

To top