Бизнис

Научни истражувања: Алтернативите без чад не влијаат врз квалитетот на воздухот во затворени простории

Целта на овие истражувања е да се докажат клучните разлики меѓу традиционалните цигари и алтернативните производи без чад

Користењето на алтернативни тутунски производи во затворен простор не влијаат врз квалитетот на воздухот внатре, за разлика од користењето на традиционални цигари кое има значително влијание во затворени простории. Ова е заклучокот до кој дојдоа бројни странски, но и домашни експерти уште пред неколку години, анализирајќи ги и споредувајќи ги податоците од стотици истражувања и студии направени низ светот. Целта на овие истражувања е да се докажат клучните разлики меѓу традиционалните цигари и алтернативните производи без чад и да се потенцира дека станува збор за две различни категории производи, што е клучно при крерањето на јавно-здравствените политики во развиените земји во светот, во кои алтернативите без чад се еден од основните елементи на концептот за намалување на штетите.

Главната причина поради која се јавува разликата меѓу двете категории производи е начинот на кој се третира тутунот кај традиционалните цигари и уредите за контролирано загревање тутун. Кај цигарите, тутунот гори во услови на недоволно количество кислород при висока температура околу 800 степени целзиусови. При вакви услови на согорување на тутунот, се создава чад кој содржи повеќе од 6.000 супстанции, меѓу кои има и цврсти честички, метали, но и јаглерод моноксид. Над 100 од овие супстанци имаат докажано или пак потенцијално негативно дејство врз здравјето на луѓето. Од друга страна, при користењето уреди што само го загреваат, но не го горат тутунот, се создава аеросол кој има сосема поразличен состав од чадот.

Сознанијата добиени на светско ниво, кај нас ги потврди студијата „Правни, економски и медицински согледувања кон концептот за намалување штети од користење тутун“ што ја спроведе Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) во 2023 година. Во делот на испитувањето на медицинските аспекти за намалувањето штети од користењето тутун, авторите на студијата анализирале податоци добиени во релевантни светски истражувања. Во еден дел од студијата, авторите го отвораат прашањето за влијанието на аеросолот генериран од уредите за контролирано загревање на тутунот, како и на чадот генериран од конвенционалните цигари врз индивидуалното здравје на корисникот на овие производи. Во поширок контекст на загадувањето на непосредната околина, како и влијанието врз здравјето на луѓето во близина, авторите наведуваат дека есенцијално е прашањето за влијанието на споменатите уреди врз квалитетот на воздухот во затворени простории.

– Користењето на уредите за контролирано загревање на тутунот практично не влијае врз квалитетот на воздухот во затворени простории од различен тип. Во амбиенталниот воздух во овој случај се присутни само три соединенија во значајни концентрации: глицеролот (кој не е полутант), ацеталдехидот и, секако, никотинот. Концентрациите на ацеталдехидот и никотинот се значително пониски од максимално дозволените вредности – пишува во студијата на ЦПИА.

Токму врз основа на собраните резултати, анализи и светски искуства, уредите што го загреваат тутунот до одредена температура, без да го горат, добија одобрение за помала изложеност на штетни супстанции за време на употреба од еден од најрелевантните здравствени регулатори во светот – Американската администрација за храна и лекови (FDA). ФДА ги класифицираше овие уреди во категоријата производи со „модифициран ризик“ (MRTP) и потврди дека нивната употреба значително го намалува производството на штетни и потенцијално опасни супстанции.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top