Македонија

Нови Сад му оддава почест на македонскиот научник Васко Саздовски – амфитеатар ќе го носи неговото име

Институтот „Биосенс“

Институтот „Биосенс“ во Нови Сад утре ќе отвори амфитеатар што ќе го носи името на Васко Саздовски, македонскиот граѓанин кој загина при падот на бетонската настрешница на зградата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година.

Саздовски докторирал на Универзитетот Кренфилд во Велика Британија и, во кариера долга повеќе од 20 години, се занимавал со роботика и автономни системи во институции во Северна Македонија, Германија и Хрватска, а потоа и во Институтот „Биосенс“, се наведува во соопштението на Институтот.

Покрај неговите исклучителни професионални достигнувања, Саздовски беше познат по својата љубезност, дарежливост и посветеност кон своите студенти и колеги, а со именувањето на амфитеатарот по Саздовски, колективот на Институтот „Биосенс“ го негува споменот на исклучителна личност, колега и соработник и ги зачувува вредностите на кои тој бил посветен – посветеност, знаење и човечност.

Саздовски (1979–2024) беше вработен во Институтот Биосенс, во Центарот за сензорски технологии, како виш истражувач во рамките на проектот ANTARES.

Најнови вести од: Македонија

Македонија намерно се самоблокира, смета бугарскиот новинар од (не)славното интервју на Заев

Кога доброволно се повлекувате, откако Кошта и Фон дер Лајен ќе ви кажат што да правите, се поставува прашањето: со што се пополнува овој вакуум, резонира сопственикот на агенцијата БГНЕС

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

To top