Македонија

Минчев: Заев и Филипче ја окупираа СДСМ и ја водат во политичка пропаст!

„СДСМ денес е окупирана партија од актуелното раководство, поточно од двоецот Заев – Филипче, кои се водат исклучиво од лични интереси. Сѐ додека ова раководство е на чело на партијата, СДСМ не оди кон обнова, туку кон политичка пропаст. СДСМ ќе оди во пропаст се додека не се расчисти со нив.“ – вели во интервју за неделникот „Фокус“, генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Горан Минчев. Тој нагласува дека „ваквата оценка ја изнесува со политичка одговорност и со жалење, имајќи ја предвид историската улога што СДСМ ја имал во државата“.

Минчев смета дека денешниот СДСМ суштински се разликува од партијата каква што била во минатото, посочувајќи дека во изминатата деценија ја изгубила довербата кај граѓаните поради коруптивни практики, институционален клиентелизам и сериозни отстапки од националниот интерес.

Осврнувајќи се на можноста за обединување меѓу СДСМ и Движењето ЗНАМ, Минчев вели дека такво сценарио не е можно без вистинско соочување со минатото и преземање јасна одговорност.

– Не можете да се обедините со некого кој не се соочил со сопственото минато. Не можете да градите иднина ако старите практики сѐ уште се бранат, релативизираат или премолчуваат – истакна тој.

Минчев подвлекува дека Движењето ЗНАМ е формирано токму како одговор на одбивањето да се прифати корупцијата како „нормалност“ и клиентелизмот како „реалност“, со јасна цел – враќање на моралот, достоинството и одговорноста во политиката.

Плус инфо

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top